Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
2 Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младитеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани. Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем. Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа. Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици. Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства. Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворенВо судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека Пулс.Одговарајќи на прашања на обвинетите, вештакот и професор Горан Марковски кажа дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ . Професорот посочи дека во согласност со законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект. На прашање на обвинетите Марковски рече дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба бидејќи немало проектна документација, немало одобрение од општината и дека објектот бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите. На паузата од рочиштето родителите на загинатите со емотивни пораки побараа одговорност и целосно расветлување на институционалните пропусти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Европа Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членствотоНе прифаќајте го наративот дека Европската Унија е пропаднат проект. По студениот туш од Исланд, кој пред три дена на референдум ја отфрли можноста да се врати на европскиот пат, еврокомесарката за проширување Марта Кос уверува дека Унијата е најмоќниот глобален политички проект. Во пресрет на 30-ти септември, кога Брисел треба да ја усвои новата стратегија за проширување, Кос од панел на Бледскиот Форум во Словенија објасни која е клучната цел на документот кој предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите кандидатки и нова методологија. -Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки како да се членки, пред да станат земји членки. Денеска треба да имплементирате 100 проценти за да станете членка. Имаме делови како СЕПА И како роаминигот, со кои им овозможуваме да ни се приклучат порано. Можностите се многу поголеми. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Кос на панелот ја отфрли можноста неколку земји членки од Западен Балкан одеднаш да влезат во Унијата, посочувајќи дека процесот се заснова на заслуги. Ги повика земјите од регионот да ги остават сенките од минатото и да се посветат на иднината. -Западниот Балкан е полн со отворени рани. Понекогаш политичарите наместо да користат бетантен крема за да ги залечат раните, тие ставаат сол, повторно и повторно и повторно за да ги отворат раните. Ве молам не прифаќајте го наративот дека ЕУ е изгубен случај. Toa e најдобриот политички проект што некогаш сме го имале во светот. Секако дека имаме проблеми, дека некогаш сме бирократи. , рече Кос А, токму забелешка дека Брисел проширувањето повеќе го гледа низ бирокатска, наместо низ стратешка логика, синоќа на Бледскиот форум упати и министерот Муцунски. -Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Нашето единствено барање е европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет. , вели Муцунски. Европските медиуми денеска објавија дека 11 земји членки, меѓу кои и Германија и Франција, побарале да се стави крај на опструктивните вета, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаКитановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесуваКитановиќ се извини и ја повлече објавата, Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Откако Директорот на агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ се извини и ја повлече објавата во која го величаше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, премиерот Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Смета дека Китановиќ сватил дека погрешил и го избришал статусот и дека станува збор за индивидувален став, спотивен од владината позиција. „Мислам дека сега не треба да го распнуваме за нешто и да бараме кривична одговорност за нешто за што самиот сфатил дека погрешил, се извини и го повлекол својот став. Владата е демократска, има своја дебата во рамките на коалицијата и кога ќе се донесе став за одредено прашање, сите чинители на Владата треба тој став да го следат“– Христијан Мицкоски, претседател на влада Во меѓувреме од Бошњачкиот демократски сојуз поднесоа кривична пријава против Далибор Китановиќ. Сметаат дека воените злосторства не смеат да бидат предмет на глорификација и дека е недозволиво носител на јавна функција со своите постапки и јавни пораки да ги релативизира воените злосторства и да го навредува достоинството на жртвите. Од опозициската СДСМ пак бараат оставки од Китановиќ и Стоилковиќ и сметаат дека тоа што владата не бара нивна одговорност значи дека ги поддржуваат ваквите ставови. -Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците. Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал, наведуваат од СДСМ. Претходно од Владата го повика Китановиќ да го повлече ставот од социјалните мрежи изнесен за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка, по што првиот човек на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја повлече објавата им се извини на премиерот и членовите на Владата и порача дека никогаш немал намера да навреди или понижи припадник на кој било народ, вера или етничка заедница. Јавно изнесениот став на Китановиќ наиде на осуда и од владеачката Вреди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27