ВМРО-ДПМНЕ: Ветото е неспособност на Заев

Ветото за Република Македонија е неспобност на Заев, колку побргу го увиди тоа, толку помалку ќе имаме загуби.

Заев е виновен затоа што сл неговата непромислена политика на ветување на се и сешто тој ги ослаби македонските позиции трајно и не доведе во ситуација било кој да се осмели да бара што и да посака.

Заев отвори проблем кај што го немаше. Пред Заев Бугарија немаше проблем, ниту помислуваше да бара од Македонија откажување од идентитетот, јазикот и историјата, бидејќи тоа е наше неотуѓиво право.

Зоран Заев во изминатиов период стави на маса теми за кои не се преговара. И со тоа и наштети на Македонија трајно.

Дополнително Заев освен на предавства не работеше на ништо друго.

4 години немаме никаквк реформи. Владеењето на правото е мисловна именка, администрацијата е партизирана, судството политизирано, а за бизнисите одлучува семејството на власт.

Македонија со Заев само тоне.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

притисни ентер