Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
2Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ вечер избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК) на која ќе се избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршен комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. Во интервју за националната телевизија Мицкоски информира дека ќе се одржи ЦК со сите кои по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам во ова партиско тело ќе влезат координаторот на пратеничката група, претседателката на Унијата на жени, претседателот на Унијата на млади, претседателот на Унија на ветерани, претседателот на партијата, генералниот секретар... [Скопје, 2 јули 2021] Новиот состав на ИК ќе треба да има 29 членови. Мицкоски рече дека ќе побара од ЦК да се донесе одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветерани, Унијата на млади и Унијата на жени. Очекува од 20 до 25 проценти од составот на ИК да бидат нови луѓе од партијата. - Да, точно е тоа дека партијата во овој мандат нема повеќе да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар и членови на ИК. Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата и плус некои други имиња. Со тие луѓе јас сум од прв ден, тие луѓе се мои најблиски сорботници и во интерес на она што веќе го најавив за 2029 година и за принципите кои ги застапувам, на конгресот во 2029 година партијата ќе има ново раководство, нов претседател и.т.н... Ценам дека е потребно да се има рамен терен за сите оние кои се заинтересирани и мислат дека можат да додадат вредност пред се во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и во Владата да можат да се кандидираат и да ја побаарат поддршката од делегатите на конгресот, изјави премиерот. Мицкоски кажа дека првиот состанок со новиот состав на Извршниот комитет планира да се одржи следаната недела кога би се донела одлука за генерален реизбор на општинските комитети на партијата. - На тој состанок би излегол и со одредени кадровски решенија во делот на претседател на Градскиот комитет на партијата и претседатели на некои републички партиски комисии итн., со што генерално би ја заокружил врвната структура на партијата. Потоа е процесот селекција на претседатели на општински комитети. Тоа е процес на интервју, нивен избор, бидејќи тие по статут се и членови на ЦК, највисокото тело на партијата. Кога ќе се заокружи тој процес потоа ќе оставиме време на новите или старо-новите претседатели на одредени општински комитети да го составот ликот на општинскиот комитет, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Додека тие тоа го составуваат, како што кажа, ќе почнат размислувањата и за Владата, за нови кандидати, како и за промена на ресори. Негови очекувања се дека целиот овој процес ќе биде заокружен некаде до мај или јуни. Најави дека од есен ќе има ажурирање на членството на партијата. Премиерот Мицкоски најави дека по седницата на новиот состав на ИК следаната недела ќе замине во Минхен, но исто така нагласи и дека во рамки на работата на Владата очекува годинава да се испорачаат многу реформи значајни за граѓаните. Оваа година, како што истакна, ќе биде успешна на повеќе полиња. Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
АвтомобилизамНовата Дачија Спринг пристигна! Цена под 20.000 евраНовата Дачија Спринг пристигнува од Словенија. Има 82 КС и батерија од 27,5 kWh.Дачија претстави нова генерација на моделот Спринг, еден од најпристапните електрични автомобили во Европа. За разлика од својот претходник, кој се произведуваше во Кина, новата Спринг се произведува во Словенија, што ѝ овозможува на Дачија да ги избегне европските царини за кинеските електрични автомобили. Новиот модел ја користи механичката платформа „RG-EV“, верзија на архитектурата „AmpR Small“ на „Renault“, која веќе се користи во моделите „Renault 5 E-Tech“, „Renault Twingo E-Tech“ и „Nissan Micra“. Се напојува со електричен мотор со 82 КС и 175 Nm, кој ги придвижува предните тркала. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 12,1 секунда, додека максималната брзина е ограничена на 130 км/ч. Енергијата се складира во „LFP“ батерија од 27,5 kWh, која овозможува до 250 километри според „WLTP“. На брз полнач од 50 kW DC, батеријата се полни од 15 до 80 проценти од својот капацитет за 28 минути, додека на AC полнач од 7 kW потребни се 2 часа и 55 минути. Поголема, но сепак лесна Новата Дачија Спринг значително порасна во споредба со својот претходник. Подолга е за 150 mm и поширока за 180 mm, а вкупната должина е 3.850 mm. И покрај поголемите димензии, масата е задржана на релативно ниски (за електрично возило) 1.212 килограми. Кабината е попространа, но сепак може да смести четири патници. Багажникот има 337 литри, или дури 1.283 литри со склопени задни седишта. Достапен е и преден багажник од 18 литри, како и бројни практични простори за складирање. Побогатата верзија „Journey“ има 7-инчна дигитална инструмент табла и 10,1-инчен мултимедијален екран, додека основниот „Expression“ добива држач за паметен телефон наместо мултимедијален екран. Како што се очекуваше, Дачија го задржа едноставниот ентериер за да ја одржи цената ниска. Има тврди пластични површини, седишта од ткаенина и практични решенија како што е модуларниот систем „YouClip“. Цена под 20.000 евра Производството се одвива во фабриката Ново Место во Словенија, заедно со моделот „Renault Twingo E-Tech“. Се очекува продажбата да започне кон крајот на 2026 година, додека првите испораки се очекуваат на почетокот на 2027 година. Дачија сè уште не ги објави конечните цени, но потврди дека сите верзии ќе чинат помалку од 20.000 евра, пред локалните субвенции, кои варираат од земја до земја. Сепак, ова значи дека новата генерација ќе биде поскапа од претходниот модел произведен во Кина, кој беше достапен во Германија претходно оваа година со попуст од само 11.900 евра. Стариот Спринг ќе остане во продажба некое време како поевтина алтернатива. Новата Дачија Спринг е еден од четирите електрични модели што Дачија планира да ги лансира до 2030 година, вклучувајќи го и електричниот Сандеро. Извор: Б92Тагови: Дачија Спринг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелјановски: ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10дСпоред ревизорскиот извештај на ДЗР, само 0,12% биле платени за градба, ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д.За Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри и со проценета вредност од 1,3 милијарди евра, ДЗР утврдил дека заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците се однесувале на градба, што покажувало отстапување од планираната динамика. Истовремено, ревизорите утврдиле сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти. Затоа СДС и ДУИ мора да одговорат: Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? Каде и за што се трошеле парите? Зошто се доцнело со реализацијата? Кој бил задолжен да ја контролира динамиката и трошењето на средствата? И зошто државата плаќала милионски провизии додека средствата останувале неповлечени, а проектите доцнеле? Ова се прашања на кои јавноста заслужува одговор. Особено денес, кога може да се направи јасна споредба. Денес се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На Гостивар–Букојчани напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, а градежни активности има на околу 14 од 17,5 километри на Тетово–Гостивар. Тоа покажува дека проектите можат да се реализираат кога институциите работат и кога има контрола врз реализацијата. Но сегашната изградба не ја брише одговорноста за она што се случувало претходно. Затоа бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР. Да ги испита договорите, исплатите, провизиите и динамиката на реализација, и да утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за управувањето и контролата на проектот. Одговорност мора да има, рече Aлександар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODCНов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски денеска (10.09.2026) во Министерството за внатрешни работи остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, Уктам Насиров. Средбата се одржа на иницијатива на министерот Тошковски, со цел отворање дискусија за унапредување на досегашниот пристап во борбата против недозволената трговија со дрога и психотропни супстанции, како и за можностите за поголема ефикасност и подобра координација меѓу надлежните институции. Во разговорите беа разгледани можностите за користење на експертските капацитети и искуството на UNODC, особено преку организирање јавни и стручни дебати, активности за подигнување на свеста за штетните последици од дрогата, како и размена на искуства и добри практики од други држави. Посебно внимание беше посветено на можноста за унапредување на законската рамка и разгледување модели што се применуваат во други европски држави. Во тој контекст беше разговарано за пристап според кој, зависно од видот и количината на пронајдената дрога и околностите на конкретниот случај, одредени дејствија би добиле соодветен кривично-правен третман, наместо да се третираат исклучиво како прекршоци. Истовремено, беше нагласена потребата од механизми кои ќе овозможат соработка со правосудните органи, како и соодветен здравствен третман и поддршка за лицата со зависност. Министрите Тошковски и Клековски ја истакнаа потребата борбата против дрогата да се води со координиран пристап во кој, покрај полициското и кривично-правното постапување, значајно место ќе имаат превенцијата, здравствената заштита и третманот на зависностите. На средбата беше разговарано и за поддршка на Националната опсерваторија за дроги и зависности, како и за натамошно продлабочување на соработката со Агенцијата за дроги на Европската Унија. Иницијативата беше позитивно прифатена од шефот на Канцеларијата на UNODC во Скопје, Уктам Насиров, при што беше изразена подготвеност за продолжување на разговорите, размена на експертски искуства и разгледување на најдобрите практики од регионот и пошироко. Заеднички беше оценето дека справувањето со недозволената трговија со дрога бара истовремено силен институционален одговор кон криминалните структури, ефикасна превенција и соодветен здравствен пристап кон зависностите, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook