ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за

Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси.

Пиунот Трендафилов кој се разбуди од зимскиот сон, наместо да се грижи за работниците и нивните права, тој единствено се занимава со напади кон власта со насоки сервирани од Бихаќка.

Трендафилов сам призна дека е обединет со опозицијата и дека во координација со нив има илузорни барања кои не се поткрепени со анализи, туку се поткрепени со наредби од Бихаќка.

Тој е првиот синдикалец кој не го поздрави зголемувањето на платите на работниците во образованието, здравството, АРМ, МВР и администрацијата.

Пиунот на СДС не го интересира работникот, Трендафилов го интересираат само неговите излегувања по тв емисии, каде што пред секое негово јавно појавување оди на координација на Бихаќка.

Трендафилов јавно лаже и манипулира со јавноста, продолжува да изработува за подарокот што го доби од СДС, кој го ставија на незаконски начин да биде претседател на ССМ, за кога тие беа на власт тој да молчи и да ги поддржува нивните политики.

Трендафилов со плата над 1000 евра, службено возило и репрезентации, воопшто ниту знае, ниту го интересира како му е на работникот кој врзува крај со крај, заради лошите економски политики на неговите надредени, а тоа се СДС.

Тој молчеше и кога граѓанинот денот го поминуваше со само 150 денари. Молчеше за нападите од Џафери кон вработени во собранието, молчеше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, а сега на дугме се разбуди од зимскиот сон.

Граѓаните да бидат спокојни, платите се покачуваат во секое поле!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Шпанските аеродромски власти ќе го ограничат пристапот до аеродромот во Мадрид во одредени делови од денот како превентивна мерка за да се спречат бездомниците да спијат на неговите терминали. 

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Само патници со авионски билети, вработени на аеродромот и оние што придружуваат некого со билет ќе имаат дозвола да влезат на аеродромот, соопшти Шпанската аеродромска управа.

Управата наведува дека ограничувањата ќе бидат спроведени во следните неколку дена, но не прецизираше точно кога или во кое време. Со месеци, на аеродромот во Мадрид на некои терминали се собираат бездомници. Локалните медиуми објавија дека станува збор за стотици бездомници.

„Аеродромите не се места наменети за живеење, туку се инфраструктури исклучиво за транзит, кои во никој случај не нудат соодветни услови за ноќевање“, се наведува во соопштението на Шпанската аеродромска управа.

Управата оваа недела соопшти дека побарала помош од градските власти на Мадрид за решавање на проблемот пред неколку месеци, но дека досега не добила доволно помош.

Префрлањето на вината меѓу властите на различни нивоа го остави нерешен проблемот пред почетокот на летната туристичка сезона. Во 2024 година, Шпанија прими рекордни 94 милиони странски туристи.

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

Собранието денеска ја продолжи 48. седница на која без расправа ги донесе измените на Законот за оружје и измените на Законот за употреба на македонскиот јазик предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

За Предлог измените на Законот за работни односи, поднесени од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе се изјасни кога ќе се создадат деловнички можности.

Претходно, во рамки на 47. седница, пратениците ги донесоа дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање.

Денешното продолжение на 47. седница почна со еден час пауза по барање на пратеничката група на „Левица“ која побара од претседателот на Собранието да побара од генералниот секретар на Владата да одговори на барањето на пратенчката Јована Мојсовска за тоа кој пратеник колку патни трошоци направил.

Костадинов: Кога власта не го гради затворениот базен во Струмица, нека не остават

Давам предлог, нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим и Советот на Општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица.

Костадинов: Кога власта не го гради затворениот базен во Струмица, нека не остават

Давам предлог, нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим и Советот на Општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица, порача градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, од денешната прес конференција што ја одржа пред запуштениот објект на затворениот базен, кој почна да се гради опред скоро две години.

Додаде дека овој предлог го дава за да не излезе дека само ја критикуваат централната власта, но, сепак, очигледен е инаетот што власта го води кон Струмица.

-Очигледно душманскиот пристап со Струмица и струмичани расте и се интензивира веројатно од некаква нивна помисла дека на тој начин ќе можат да ќарат некакви политички поени, но реалноста е сосема друга. Денеска сме пред најавуваниот затворен школски базен којшто веќе требаше да биде изграден во Струмица, почнат од претходната Влада, но гледаме дека истиот е обраснат со трева и нема никакви активности. Инаетот оди до таму да власта од ВМРО ДПМНЕ дури нема чувство за грижа кон дечињата во Струмица коишто овде треба да имаат часови по пливање. Навистина жалам што локалните авторитети, пратеници од ВМРО ДПМНЕ, не преземаат ништо во однос на свесно закочените проекти во општина Струмица, потенцираше Костадинов.

Подвлече дека примерот со закочени објекти не е само со затворениот базен. Ист таков бил и примерот со регионалниот пат А4 Струмица – Дабиле каде, според струмичкиот градоначалник, дефинитивно станало јасно дека свесно се кочат експропријациите и затоа изведувачите не можат да си ја завршат работата за проекти за кои Општината сака да ги реализира.

притисни ентер