3Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ССМ станала приватна фирма со ТрендафиловССМ станала приватна фирма со Трендафилов, за само една година луѓето околу него земаат милиони во вид на плати и додатоци.Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци. За ова да е уште потрагично, овие пари ги земаат од донациите кои синдикалците со ниски примања ги даваат на ССМ. Лажните синдикалци кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците кои членуваат во ССМ, се длабоки разочарани од раководството на чело со Трендафилов. Разочараноста на членовите на ССМ од актуелното раководство е тоа што истите тие го имаат претворено ССМ во приватна фирма и ги користат благодетите на истата. Додека ги гледаат во очи и ги лажат синдикалците, Трендафилов и останатите синдикалци на батерии, инкасираат милионски суми во нивните џебови на грбот на работниците, синдикалци. Трендафилов и луѓето со кои што одработува за СДС, земаат плати за 3 или 4 плати поголеми од минималната плата. Затоа тие немаат реална претстава за маката на граѓаните. Политиканството на Трендафилов и ССМ, мора да престане. ВМРО-ДПМНЕТагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидериХристијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со месеци зборуваат за „трета економија во Европа“ и „прва по туризам“.Реалноста на граѓаните е сосема друга. Платите стојат. Инфлацијата продолжува. Цените растат секој месец. Во буџетот нема пари за зголемување на платите, а наскоро нема да има ни за пензии. Владата сака да го национализира вториот пензиски столб - да ги земе парите на граѓаните за да покрие дупките што самите ги создадоа. Есента доаѓа. Во септември почнува училиште. Зимата е блиску. Веќе се најавува недостиг на струја поради нискиот водостој на Дунав. Увоз на струја значи ново поскапување. Централното греење поскапе. Ќе поскапи и огревното дрво. Владата не е способна да води економска политика. Освен бајките на Мицкоски, граѓаните добиваат само поскапувања. Земјоделците се во најтешка состојба. Нафтата и ѓубривата поскапеа. ИПАРД фондовите ги нема поради корупција. ЕУ фондовите ги нема поради изолацијата што ја спроведува оваа Влада. Нема мерки, нема откуп, нема субвенции. Наместо да го хранат регионот и да имаат отворен пристап до европскиот пазар, земјоделците едвај врзуваат крај со крај. Ова е економската политика на Мицкоски: празни ветувања, празни фрижидери и полни џебови на тендер-коалицијата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општинаПо последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата. Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен. „Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаФинансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денариПрвопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари. Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари. Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари. Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook