ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ нема ниту Европа, ниту просперитет

Владиниот кабинет наместо за средби со инвеститори, служи за средби на Зоран Заев со сомнителни ликови со дебели досиеја, инволвирани во меѓународни скандали.

Пораките од Заев до лажниот Порошенко кои беа објавени во медиумите покажуваат дека тој во владата одржувал средби со Тал Силберстин, човек инволвиран во скандалот поради кој падна владата на Себастијан Курц во Австрија, земја која е докажан пријател на Република Македонија.

Покрај тоа, Силберстин со кого Заев се фали дека се среќавал е човек против кого се водат криминални процеси во Израел и Романија и тоа за перење пари, поткуп, попречување на правда како и за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи.

Воедно неговото име како обвинет се среќава и во Гвинеја каде се вели дека за случајот со Романија учествувал во поткуп на претседателот заедно со други лица се стекнале со рудник вреден милијарди долари.

Заев мора да одговори дали пред да се сретне со Тил Силберстин го провериле неговото досие и знаеле со каков човек имаат работа. Јавноста треба да знае што барал ваков човек на средба во владата на Република Македонија.

Колку пати Заев се среќавал со него и дали постојат записници од тие средби?

Зошто Заев се среќавал со човек против кој се водел процес дека добил 400.000 евра за пропаганда со лажни вести? Дали го користел за да му креира лажни вести за референдумот или за време на претседателските избори? Колку пари овој човек ги чинеше македонските граѓани за неговите услуги?

Во оваа влада на Заев не постојат никакви безбедносни протоколи. Единствено што му е на важно на Заев е како да се одржи до крај на мандатот за да може да ги шири семејните бизниси на сметка на граѓаните на Република Македонија.

Очигледно е дека криминалците се привлекуваат меѓу себе па Заев како аболициран за поткуп, единствено што знае е да се дружи и советува со сомнителни и криминални ликови слични на него. За Заев не е важна ниту иднината на Македонија ниту иднината на македонските граѓани.

Република Македонија со Зоран Заев и СДСМ тоне во криминал и корупција, со нив нема ниту Европа ниту просперитет. СДСМ и Заев мора веднаш да си заминат за што побрзо да се поправи штетата која секојдневно ја нанесуваат на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Џенифер Лопез во чуден стајлинг на улиците на Њујорк

Светската музичка ѕвезда  Џенифер Лопез го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави. 

Без разлика дали станува збор за концерт, настап или улога во филм популарната Џеј Ло е присутна во медиумите и поради својот совршен моден стил.

Многу жени ги следат нејзините стајлинзи, бидејќи таа стана вистинска стилска икона и инспирација за многу трендсетерки.

Но, понекогаш се случува, како што е сега, дури „жешката Џеј Ло“, заведена од трендот, да направи моден кикс . Да се појави во јавност во стајлинг кој ќе добие повеќе негативни отколку позитивни коментари.

Мегапопуларната пејачка прошета по улиците на Њујорк во особено необична комбинација на фармерки, кои се сè само не убави. Моделот кој се наоѓа на полиците на познатите брендови, овие фармерки се хит меѓу ѕвездите, тие изгледаат искинато, валкано, но сега беа изборот на убавата Џеј Ло.

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер