ВМРО-ДПМНЕ:Со договорот одземена им е државноста на Македонците

Со капитулантскиот потпис на договорот со Грција, Заев го одзема правото на граѓаните да бидат Македонци и правото да се употребува зборот Македонија.

Дрски, безобразни и бесрамни се нивните лаги дека е зачуван, а уште помалку дека е зајакнат македонски идентитет.

Грчки премиер Алексис Ципрас изјавува дека македонска националност не се признава со договорот. Зоран Заев не го демантираше Ципрас, што значи дека крие дека договорот задира и го менува македонскиот идентитет.

Со договорот одземена им е државноста на Македонците. Тие ја губат својата држава. Заев признава дека сите институции ќе мора да го заменат и загубат македонскиот предзнак. Заев призна дека сите институции ќе мора да го избришат името и наместо придавката Македонска, Македонско, Македонски, ќе мора на крајот на името да додадат „на Северна Македонија“. Така, Заев признава дека ќе се смени и името на државните институции, министерствата, државните органи, МАНУ, личните карти, пасошите.

Заев манипулира дека секаде ќе останела придавката Македонски/а/о, иако договорот поинаку предвидува, но се обиде да протне дека „не можело се’ да стои напишано, дека било нафрлено во договорот, и дека нешто се подразбира“. Напротив, текстот со грчки барања кои Заев ги прифатил е толку детален што не остава никаква случајност. Ќе прочитам неколку делови од таканаречениот договор каде што точно се прецизира бришењето на идентитетот.

Член 1, 3. А) Официјалното име на Втората Страна ќе биде „Република Северна Македонија“, кое ќе биде уставното име на Втората страна и ќе биде користено ерга омнес, како што стои во Договорот. Краткото име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“.

Член 1, 3. Б) Националноста на Втората Страна ќе биде Македонска/ Граѓани на Република Северна Македонија, како и што ќе биде запишано во патните исправи.

Член 1, 3. Ц) Придавката на државата, и официјалните органи, како и други јавни претпријатија ќе биде во линија со официјалното име или краткото име, „на Република Северна Македонија“ или пак „на Северна Македонија“.

Член 1, 3. Г) Втората Страна ќе го прифати името „Република Северна Македонија“ и официјалното име и терминологии реферирани во Член 1(3) преку интерна процедура која е обврзувачка и неотповиклива, вклучувајќи ги и амандманите на Уставот како што стои во Договорот.

Член 1, 3. Х) Во релација со горе споменатото име и терминологии во комерцијалните имиња, трговски марки и имиња на брендови, итн., ќе се формира меѓународна група на експерти за надминување на овие прашање. Оваа група на експерти ќе биде формирана до 2019 и ќе заврши со работа за три години. Што значи со овој член се опфаќаат и оние приватни компании кои што пред себе во своето име ја носат придавката Македонско/и/а или воопшто Македонија.

Според членот 1.8 По влегувањето во сила на договорот, Република Македонија престанува да се користи како термин. По неговото влегување во сила, изменетото име и терминологијата е за сите примени и ќе важи ерга омнес, во билатералните односи, како и во сите регионални и меѓународни институции.

Ова се дел од членовите од договорот кој што не оставаат ништо на случајност, или нешто што Заев го нарекува паушалност која што остава простор. Заев точно знае што прифатил, а сега повторно и упорно го лаже македонскиот народ.

Ова е чистење на цела нација, ова е пострашно од геноцид, ова е геноцид врз цела нација - ова е чист етноцид.

Договорот на Заев со Ципрас јасно предвидува промена на Уставот и губење на идентитетот. Огромен пораз сакаат да го прикажат за некаква победа.

Прашуваме, каде тоа со народот ја прославивте победата, успешниот договор, зајакнатиот идентитет? Или забавата заврши на глисерот и предадената вратоврска?

Ова е срамен договор. Овој договор е измама на октроираната влада на СДСМ. Народот се чувствува разочаран, потиштен и излажан затоа што знае дека овој договор нема да донесе подобар живот. Затоа Заев мора да падне, а Македонија да победи.

НАУМ СТОИЛКОВСКИ, ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ

Патници останале збунети и мокри на 4 часовен лет кон Њујорк: Врне дожд во авионот (ВИДЕО)

Необичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерката Савана Говарти.

Таа објави клип кој за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не открива со кое друштво патувала.

На видеото гледаме кабина полна со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.

Савана во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Дејли Стар.

„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.

Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во авионот“.

@savinnyc Nothing better than being on a 4hr flight back to new york soaking wet and cold #flying #plane #vacation #pilot #fyp ♬ Paper planes M.I.A - songs for u <3

Нереалната сцена била резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post.

Вработена на крузер си го убила новородениот син во близина на брегот на Италија

Италијанската полиција уапси девојка (28) од Филипините, работничка на крузер, под сомнение дека е одговорна за смртта на нејзиното бебе.

Осомничената, која ја криела својата бременост од колегите и претпоставените, се породила на 17 мај на брод за крстарење, во моментот кога бродот бил блиску до пристаништето Санто Стефано. Два дена подоцна детето било пронајдено мртво, објави Анса.

Телото на момчето било пронајдено во кабината што осомничената ја делела со другите членови на екипажот.

Според обвинителството, девојка од Филипините е обвинета дека го убила детето кое го родила на крузерот Silver Whisper, кој плови под бахамското знаме.

Се претпоставува дека осомничената го оставила детето само во кабината и си заминала.

Колегите повикале полиција во неделата вечерта откако во кабината пронашле мртво новородено бебе. Инаку, осомничената ја делела кабината со уште две жени кои се дел од екипажот.

За жал, Брзата помош не можела да стори ништо за да го спаси детето и телото на бебето било пренесено на обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта.

Според италијанските медиуми, мајката била пренесена во болница во Тоскана.

По истрагата, бродот го напуштил пристаништето, а мајката ќе биде приведена.

Како сопругата на Џорџ Клуни доби клучна улога во барањето на МКС за апсење на Нетанјаху?

Амал Клуни (46), сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (63), одигра клучна улога во барањето на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на лидерите на Израел и Хамас за наводни воени злосторства за време на конфликтот во Појасот Газа.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, вчера најави дека ќе побара издавање налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, како и за министерот за одбрана Јоав Галант и за тројца лидери на Хамас, меѓу кои и Јахја Синвар. .

Како што објави „Дејлимејл“, Амал Клуни, која има британско државјанство и по потекло е од Либан, е позната адвокатка и нејзината специјалност е заштита на човековите права. Таа е една од шесте правни експерти ангажирани од обвинителот Карим Кан да ги проценат доказите за воени злосторства.

„Како адвокат за човекови права, никогаш нема да прифатам дека животот на едно дете е повреден од животот на друго дете. Не можам да прифатам дека некој конфликт може да биде над законот. И ниту еден сторител на кривично дело не треба да биде над законот“, наведе Амал во соопштението.

Веста за нејзината вмешаност во истрагата на МКС дојде по неколкумесечни критики кон неа затоа што не се изјаснила јавно за време на конфликтот во Појасот Газа и покрај извештаите за смртта на бројни цивили. Според палестинските изјави, од 7 октомври, кога Израел започна војна против Хамас, загинале повеќе од 35.000 луѓе, меѓу кои најмалку половина се жени и деца.

Израел започна воени операции по нападот на Хамас во кој беа убиени околу 1.200 цивили и војници, додека над 200 заложници беа киднапирани и одведени во Појасот Газа. Многумина од оние кои ја критикуваа Амал Клуни сега ја користат приликата јавно да ѝ се извинат.

Меѓународниот кривичен суд е основан во 1998 година според Римскиот статут. Тоа е независна институција која ги гони лицата обвинети за најтешките злосторства што ја загрижуваат меѓународната заедница. Овој суд истражува воени злосторства, геноцид, злосторства против човештвото и злосторства при агресија. Државите можат да ги гонат осомничените пред нивните судови.

Меѓународниот кривичен суд воспоставува јурисдикција само кога државите не се во можност или не сакаат да го сторат тоа - тој е „суд од последна инстанца“ Овој суд нема своја полициска служба и се потпира на државната соработка при апсењето на осомничените.

Казните што ги изрекува Меѓународниот кривичен суд се затвор и парични казни. Израел не е меѓу земјите-членки, а судот е надлежен доколку воените злосторства биле извршени во некоја од земјите што го потпишале нејзиниот основачки договор или биле извршени од некој нивни државјанин.

Ниту Русија, ниту Украина не се меѓу 124-те земји-членки, но Украина ја прифати неговата јурисдикција, што значи дека Меѓународниот кривичен суд може да истражува одредени наводи за злосторства. Од големите сили, САД, Кина и Индија не се членови на судот.

притисни ентер