Неверојатна сцена: Девојки по сообраќајка, облеани во крв си прават селфи (ВИДЕО)

Бизарна сцена е снимена во мексиканскиот град Куернавака, каде две девојки доживеале тешка сообраќајна несреќа.

Без разлика на повредите и тоа што се облеани во крв, тие решиле да го овековечат моментот и - да позираат за селфи.

Неверојатната сцена е снимена неколку моменти по несреќата, односно откако излегле од превртениот автомобил, пренесува The Sun.

Гледаме девојки како седат на тротоар и позираат за социјалните мрежи. Во заднина е удрено возило со скршени стакла.

Се испоставило дека едно од девојките е тешко повредено и не може да оди. Откако направиле селфи, им пришол полицаец.

На една од снимките, која заврши на мрежите, гледаме друга девојка како прави селфи покрај возило на брза помош, опкружена со лекари и полицајци.

Настраданите се пренесени во болница, додека властите ги истражуваат деталите за несреќата.

Виничкиот кикбоксер Лука Змејкоски стана кадетски балкански шампион

 Петнаесетгодишниот Лука Змејкоски, член на кикбокс клубот „Лидер“ од Виница стана балкански шампион кај помладите јуниори во категоријата лоу-кик над 81 килограми.

На Балканското кикбокс првенство, што викендов се одржа во црногорскиот главен град Подгорица, во финалната борба против домашниот кикбоксер Кривокапиќ, Змејкоски избори убедлива победа од 3:0 со што го освои златниот медал и го постигна еден од најголемите успеси во својата досегашна спортска кариера.

Добар настап меѓу кикбоксерите од Балканот имаа и другите двајца членови од виничкиот клуб. Во јуниорска конкуренција во категоријата кик-лајт до 74 килограми Борис Митревски го освои второто место и сребрениот медал. Нина Колева во истата конкуренција кај девојчињата, во категоријата кик-лајт над 70 килограми, беше третопласирана и се закити со бронзен медал.

Членовите на КБК „Лидер“ беа дел од македонската спортска делегација во која имаше вкупно 36 натпреварувачи.

На првенството во Црна Гора настапија вкупно 211 кикбоксери од девет балкански држави.

Ова го нема ни во филмовите: Полициска бркотница каква што досега не сте виделе

Од хеликоптер е снимена неверојатна бркотница во стил на „Брзи и бесни“ .

Полициски бркотници навикнати сме да гледаме само во добро режирани филмски сцени, во контролирани услови и со вешти каскадери зад воланот.

Сепак, ова видео од потера објавено на социјалните мрежи не е од филм, туку од реалниот живот и навистина е среќа што никој не е повреден.

Покрај осудувачките коментари, имаше и хумористични, па беше даден предлог возачот да не се апси, туку да се вработи во брзата помош поради неговите „вештини“ зад воланот.

Иако на видеото се изгледа забавно, како во видео игра, треба да се нагласи дека возењето на бегалецот, како и целата полициска потера на несовесниот возач, било опасно и во извесна смисла бесмислено, со оглед на тоа дека безбедноста на другите учесниците во сообраќајот била изложена на ризик.

Затоа што сè лесно можеше да заврши како несреќа со трагични последици.

Извор: Б92

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто.

Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) за 72 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,209 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,467 отсто, кај дизелот за 0,878, а кај екстра лесното масло за 1,614 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 2,412 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,056% отсто.

притисни ентер