ВМРО – ДПМНЕ: Следниот прес на Костадинов пред канцеларијата на Заев, фирмата за медицински отпад дoбивала милиони од власта

Преку соопштение, ВМРО – ДПМНЕ ги објави фактите на денот.  

Факти кои го одбележаа денот:

1.Човекот кој Шилегов уверуваше дека го труе народот, добивал тендери од Владата и Зоран Заев.

2.Мицкоски потенцираше дека правдата во нашата држава не смее да биде селективна, туку иста кон секој граѓанин и таа ќе дојде по 12-ти април.

3.Предлог законот за Агенцијата за разузнавање се изработува согласно нечии потреби и теркови, а не онака како што треба согласно прописите.

4.Рашела Мизрахи бара согласност од Владата за вработување на деца без родители со што би се дала голема поддршка на оваа категорија на деца.

5.Новата методологија за проширување на Европската унија ги крати шансите на Република Македонија за почеток на преговорите.

6.Зоран Заев ја злоупотреби тажната судбина на семејствата на починатите од Смилковско езеро и за тоа треба кривично да одговара и да поднесе одговорност.

7.СДСМ сака да избегне одговорност за масовното труење кое свесно го прави, а од вкупно 9 фирми увозници на нафтен кокс, дури 5 се блиски до Зоран Заев.

8.Бојан Јовановски проба да ја злоупотреби ЕУ за проневера на пари. Европската унија демантираше дека потпишала и финансирала било каков договор со Бојан Јовановски.

9.Матен тендер тежок 100.000 евра во постапката за топол оброк за основците во општина Аеродром. Кој ги злоупотребува основците?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ален на средба со Курти: Косово припаѓа во ЕУ и НАТО, да се спроведат договорите со Србија

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи.

Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет Ален, која престојува во Косово, по средбата со претседателката на државата, Вјоса Османи, беше примена и од косовскиот премиер, Албин Курти, со кого вели дека имала „длабока дискусија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ален на платформата „Икс“, поранешен Твитер, покрај фотографии од средбата со Курти, напиша дека „Косово припаѓа во ЕУ и НАТО“, а го повтори и барањето на Вашингтон за спроведување на договорите со Србија.

„Ја ценам длабоката дискусија со косовскиот премиер Албин Курти. Косово припаѓа во ЕУ и НАТО. Ние бараме целосна имплементација на сите договори што Косово и Србија ги постигнаа во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ“, напиша Ален.

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето на договорот, Ален рече дека со Османи разговарале и за „критичните прашања на евроатлантскиот пат на Косово“, оценувајќи дека „суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово (е) напредокот на Косово во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“. /МИА

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади

Руската нафтена рафинерија „Славјанск“ во јужниот дел на областа Краснодар денеска привремено ја прекина работата по синоќешниот напад на украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

Според извештаите на локалните власти, шест украински беспилотни летала паднале на територијата на рафинеријата.

Дроновите со кои беше нападната рафинеријата во јужниот дел на Русија не предизвикаа пожари, додаваат медиумите, повикувајќи се на властите.

Рафинеријата има капацитет од четири милиони тони нафта годишно, што е околу еден милион барели дневно./МИА

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт

Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. 

Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска за МИА изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.

Посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот. Од Обвинителството пак информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

притисни ентер