ВМРО-ДПМНЕ: Скопје, Битола и Тетово се помеѓу десетте најзагадени градови во светот, СДСМ ја зави државата во црнила

– Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава.

Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Загадувањето на воздухот кое веќе еден месец е неколкукратно над дозволеното е вистински проблем како за граѓаните така и за економијата. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните.

СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето, а Петре Шилегов си игра игри на својот мобилен. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина – никаков. СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот.

СДСМ не се грижи за граѓаните, СДСМ се грижи само за сопствените теснопартиски интереси. Партијата која ја зави државата во црно на буквално секое поле мора да си замине. Граѓаните очекуваат подобро. Мора да настапи зората за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и неспособна власт да ни се приклучат на протестните маршови ширум државата. Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. /МИА

Град Скопје: Без соодведни документи и дозволи се монтира панорамско тркало во Карпош

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

притисни ентер