ВМРО-ДПМНЕ: Што добива Македонија за возврат од внесувањето на Бугарите во Уставот

Османи и Ковачевски бегаат од македонската јавност да соопштат и споделат што преговараат со Бугарија.

Пиунот Ковачевски е должен да одговори кога ветил дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот на Македонија и што Македонија добива за возврат.

Додека од бугарските власти јасно се говори дека се преговара за отворање на Уставот на Македонија и вметнување на Бугарите во Уставот и дека не се преговара за македонско малцинство во Бугарија, молк од страна на пиунот Ковачевски за правата на Македонците во Бугарија.

Нацрт документот кој пиунот Ковачевски го испратил до бугарската влада, преку неговиот министер Бујар Османи како одговор на бугарскиот пакет 5+1 се уште се крие, а со тоа е се поголем сомнежот дека задкулисно се преговара надвор од содржината на Резолуцијата која се донесе во Собранието.

Нема никаков реципроцитет, односно рамноправност со кои се обврзани Ковачевски и Османи со Резолуцијата во Собранието на Македонија.

Повторно се преговара само за отстапки од македонска страна, и распродавање на државните и националните интереси.

Затоа веднаш, без криење треба да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

притисни ентер