ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата

Целата  јавност слуша како лица од врвот на СДСМ блиски до Зоран Заев вршат рекет врз компании и бизнисмени низ Македонија уценувајќи ги за огромни суми на пари.

Дополнително на тоа СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата со што сериозно удрија врз грбот на компаниите и ги зголемија нивните трошоци, а тоа пак резултираше со покачување на цените и осиромашување на граѓаните.

Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта. Откако е СДСМ на власт Заеви ги шират бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, а ги имаат и „Герас Цунев" и „Цареви кули", додека пак тендерите и грантовите ги добиваат фирмите на вицепремиерот Анѓушев и останатите функционери блиски до Заев.

За тоа колку СДСМ се грижи за компаниите говори и фактот што бројот на бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година, а власта во изминативе две години има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции што значи помалку работа за компаниите.

Неспособноста на власта ја потврдија и над 200 германски инвеститори кои дадоа нула оценка на работата на владата предводена од СДСМ во полето на економијата.

Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Оваа криминална власт предводена од аболицираниот Зоран Заев работи само за лична корист врз грбот на стопанството и граѓаните. СДСМ мора да си заминат за стопанството и економијата да одат напред.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Стотици луѓе во бегство по ненадејниот прекуграничен руски напад на Украина

Ненадејниот прекуграничен руски напад на копнените сили во североисточна Украина предизвика евакуација на речиси 1.800 луѓе од Харковската област, изјави регионалниот гувернер.

Тешките борби продолжија во пограничната област по вчерашниот ненадеен упад на руските сили. Украина, да потсетиме, веќе некое време ја очекува руската летна офанзива. Едно од сценаријата е можен обид да се заземе Харков, вториот по големина град во Украина, каде што живеат повеќе од милион луѓе и по две години војна.

Но, Украина инсистира на тоа дека нејзините сили се способни да одолеат на секој напад, вклучувајќи го и последниот руски упад во регионот Харков. Денеска Русија објави дека освоила пет села во близина на градот Вовчанск во најновата офанзива. Би-Би-Си не можеше независно да го потврди тврдењето.

Се уште не е јасно до каде ќе напредуваат Русите, односно дали се работи за пробен напад чија цел е тестирање на украинските одбранбени линии или почеток на нешто поголемо.

Украинската артилерија засега возвраќа. Насилната размена на оган гласно одекнува низ улиците оштетени од бомбите.

Вкупно 1.775 луѓе се евакуирани, соопшти регионалниот лидер во Харков, Олех Синехубов на социјалните мрежи. Уште стотина луѓе останаа во Вовчанск, кој е на само 6 километри од руската граница.

Серхиј, жител на Вовчанск, изјави за Би-Би-Си дека неговата куќа и возилата биле уништени од руска бомба. Неговата сопруга била итно пренесена во болница со тешки повреди. Серхиј рече дека не сакал да замине бидејќи се плаши што може да се случи со нивните четири кози.

Додека репортерите на Би-Би-Си ја гледаа штетата, се слуша свиреж на бомби фрлени од руски авиони, а потоа земјата била потресена од силните удари од експлозијата.

Руските воздухопловни сили имаат сè поубиствен ефект, а Украина засега нема одговор. Украинските власти велат дека Русија има доволно ресурси да ја влоши ситуацијата во пограничните области, но не и да го освои градот Харков.

Според Би-Би-Си, извештаите од Русија сугерираат дека Москва се надева дека ќе создаде тампон зона од 10 километри меѓу Украина и нејзиниот регион Белгород за да ги отежни прекуграничните упади за проукраинските партизани.

Вчера, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Русија „ќе направи дополнителен напредок во наредните недели во обид да воспостави тампон зона долж украинската граница“.

Москва се обиде да го искористи одложеното пристигнување на американското оружје со насилна офанзива во источниот регион Доњецк. Тежината на борбите на североистокот дополнително се илустрира со растечките амбиции на Русија, заклучува Би-Би-Си во својот извештај од регионот Харков.

Се огласи човекот, чие шише го погоди Ѓоковиќ: Мислат дека ова го направив намерно (ВИДЕО)

По големиот инцидент кој се случи по натпреварот од второто коло на Мастерсот во Рим, а кој Новак Ѓоковиќ го реши во своја полза, се огласи човекот кој беше актер на целата ситуација.

Во прашање е извесен Марио Фери Фалко, инфлуенсер кој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи видео на кое прво се извинува за сѐ што се случи.

-Сакам да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многумина мислат дека тоа го направивме намерно, но шишето само се лизна - рече тој, па додаде:

- За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. И јас му се извинив. Сакав да им кажам на оние кои ме навредуваат, дека тоа не го направив намерно, туку случајно.

За среќа, со Ноле сѐ е во ред, па дури поминал без конци на главата и го одработил тренингот пред мечот со Алехандро Табила.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата средба со ВЛЕН

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер