ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија

СДС повторно е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија

Поразени на избори, расклатени од внатрешни фракции, тие очајнички се обидуваат да ја зачуваат контролата врз партијата преку личности како Фани Каранфилова – но дали ова е најдоброто што можат да понудат?

Денешната состојба во СДС е резултат на погрешната кладба на Вице Заев. Додека светот се менува, додека глобалните политички текови носат нови предизвици, СДС повторно оди со старата матрица на клиентелизам, лични интереси и затворени кругови.

Неколку суштински прашања до Фани Каранфилова:

1. Како се чувствувате како заложник на Вице Заев? Дали сте навистина избрана заради вашите квалитети или само заради тоа што сте „сигурен избор“ на стариот систем?

2. Зошто потрошивте илјадници евра на митинг во Струмица кој беше целосен дебакл? Дали партијата ги користи последните ресурси на безуспешни спектакли за Вице Заев да си ја задржи контролата?

3. Што мислите за бегството на Артан Груби и криминалот на ДУИ во Лотарија? Зошто СДС молчи и не се оградува? Дали тоа значи дека го одобрува криминалот?

4. Дали, со оглед на тоа што СДС никогаш не се извини за криминалите, значи дека стоите зад злосторствата врз граѓаните?

5. Дали го поддржувате изборот на Судскиот совет за претседател на Врховниот суд? Дали ова е уште еден обид за поставување партиски кадри во судството?

6. Дали е точно дека главниот спонзор кој ги платил автобусите за митингот на СДС се токму Заеви? Дали ова покажува дека СДС е сè уште во нивни раце?

7. Дали во плаќањето на автобусите има пари од Васко Ковачевски или средствата доаѓаат исклучиво од Заеви? Дали ова значи дека партијата е целосно зависна од нивните финансиски интереси?

СДС е партија без кредибилитет, без одговорност и без иднина. Нивната „реновирана“ структура не е ништо друго, туку повторно рециклирање на истите ликови кои ја уназадија државата.

Но, едно е сигурно – граѓаните не сакаат рецидиви од времето на Заев.

Можеби во СДС сè уште веруваат дека можат да ја држат партијата во заложништво преку поставување на потпросечни луѓе, но Македонија одамна го надмина тоа.

Време е за нови политики, за одговорност и за реална промена.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Зеленски нареди да се формира постојана преговарачка група за завршување на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нареди да се формира постојана проширена национална преговарачка група која ќе работи за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир, објави Укринформ.

Зеленски нареди да се формира постојана преговарачка група за завршување на војната

Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир.

Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“.

Тој нагласи дека најзначајниот исход од состанокот бил договорот за размена на затвореници во формат 1.000 за 1.000.

„Нашиот тим моментално работи на деталите за размената. Благодарен сум на сите што придонесоа за овие напори“, истакна Зеленски. /МИА

Нова ера во односите Велика Британија - ЕУ

Пет години по Брегзит, Велика Британија и Европска Унија ги рестартираат односите.

Нова ера во односите Велика Британија - ЕУ

На денешниот Самит во Лондон постигнати се три договори – за зајакнување на соработката во одбраната, за олеснување на трговијата со храна и олеснување на трговијата со храна и граничните проверки.

Договорот за партнерство за безбедност и одбрана предвидува зајакнување на соработката и би можел да ѝ овозможи на британската воена индустрија да учествува во заедничка програма за заем од ЕУ за купување оружје во вредност од 150 милијарди евра, за која сè уште преговараат земјите-членки на ЕУ.

Договор е важен поради војната што Русија ја почна во Украина и ризикот САД да се повлечат од одбраната на Европа.

Вториот договор е за намалување на контролите врз храната и земјоделските производи, со што на британските компании ќе им се овозможи да го избегнат данок на ЕУ за ослободен јаглерод.

Според Лондон овие мерки треба да донесат речиси девет милијарди фунти британската економија до 2040 година.

Третиот договор се однесува на продолжување на 12 години на дозволата за рибарски бродови на ЕУ да можат да ловат во британските води.

На денешниот Самит во Лондон учествуваа и британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Стармер оцени дека договорите со ЕУ ќе ја намалат бирократијата и ќе ја поттикнат економијата на Велика Британија.

- Време е да гледаме напред. Да ги оставиме настрана старите дебати и политички битки и да најдеме разумни, практични решенија што се најдобри за британскиот народ, посочи Стармер по првиот Самит на Велика Британија – ЕУ што се одржа во Лондон.

Велика Британија по Брегзит забележа пад на извозот во ЕУ од 21 проценти.

- Ова е првиот Самит помеѓу Велика Британија и ЕУ. Означува нова ера во нашите односи и сите имаме корист, потенцира Стармер.

Додека за Лајен со постигнатите договори помеѓу Брисел и Лондон се испраќа порака дека земјите во Европа се поддржуваат и помагаат едни со други.

Пораката што ја испраќаме до светот денеска е дека во време на глобална нестабилност и кога нашиот континент се соочува со најголемата закана со генерации, ние во Европа се поддржуваме и помагаме едни со други, наведе Лајен. /MИА

Во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор

Мал ден за човекот, но голем за затворскиот и правосудниот систем во Македонија – рече директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов, на презентацијата на електронските алки во тренинг центарот во Идризово.

Во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор

Целта на нивното воведување е намалување на пренатрупаноста на затворите,. Пандов појасни кои осуденици ќе можат да продолжат со издржување на казната од дома

Според министерот Филков овој процес е резултат на сериозна работа и посветеност на министерството за правда и управата за извршување санкции и поддршката од партнерите, што е чекор напред во реализацијата на европските стандарди за издржување на казните и унапредување на човековите права.

Директорот на управата за извршување на санкции посочи дека во моментот во македонските затвори има 2300 затвореници и околу 400 притвореници, но само 60 од нив ќе можат да бидат корисници на електронските алки и новиот модел на издржување казни.

Пандов на новинарско прашање за неодамнешното опожарување на неговата викендица рече дека има осомничени, но дека сторителите сеуште не се пронајдени.

YouTube video

притисни ентер