Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е последниот што има право да зборува за правдаОдлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ.СДС во паника и соочен со сопствените скандали, очајнички се обидува да ја префрли вината, но реалноста е повеќе од јасна: одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ. СДСМ должи одговор: како тоа „независното“ судство под нивна контрола му додели привилегиран третман на главниот бизнис партнер на Зоран Заев и пратеник на Али Ахмети? СДСМ е последниот што има право да зборува за правда. Истото судство што пушташе криминалци низ судските ходници, што го амнестираше Рашковски, што го ослободуваше Филипче, сега повторно го прави истото. Факт е дека оваа одлука на корумпираниот судски систем е во нивен интерес, затоа што го заштитува нивниот криминален круг. Судството кое го бетонираа со своите кадри, сега продолжува да работи по нивен терк. А сега ќе ви кажеме кој се јавил – нека биде тоа наградна игра за вас. а) се јавил или шефот на Обвинителството за организиран криминал, сосед и другар од детство на Али Ахмети, по договорот што паднал на средбата меѓу Ахмети и Пуцко сениор во канцелариите на Партизански одреди пред четири недели, кога разговарале и на тема „што ако има нови апсења на блиски луѓе на ДУИ“ - средба за кое цело Скопје денес зборува б) се јавил Венко Филипче по налог на Али Ахмети за да го спаси синот на финансиерот на ДУИ, Пуцко, затоа што СДС сè уште е заложник на ДУИ, особено откако фанатично со денови го брани Судскиот совет, кој завчера криумчарски и шверцерски избра вршител на должноста претседател на Врховниот суд од ДУИ в) се јавил истиот што се јавува стално, а поврзан е и со точка а и со точка б, поврзан со СДС, кој е измеќар на политичките и бизнис-структурите во државата што ја гушат правдата и ја уништуваат државата И на крај, пораката е јасна и недвосмислена: ќе ви дојде крајот на сите криминалци. Може да ги кочите процесите, може да ги опструирате, може да се обидувате од петни жили да ја запрете правдата, но нашата волја е челична. Ќе воведеме ред и сите што се огрешиле ќе одговараат. Ваквите мизерни соопштенија само ве откриваат – и вас, и вашите намери, и вашето измеќарство кон ДУИ. А не се сомневаме дека ќе ги откриеме и вистинските причини зошто толку фанатично го штитите ДУИ. Во случај кога за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, МВР апси поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Капушевски, кој добива притвор, но за поддржувачот на ДУИ не смее да има притвор – тоа е вашиот „правен систем“. Затоа сте избезумени сега, затоа што гледате дека нема кај нас милост кога правдата е во прашање и тоа ве плаши. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14