Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
2 Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС злоупотребува стара изјава на премиерот Мицкоски за квалитетот на воздухотСДС злоупотребува стара изјава на премиерот Мицкоски за квалитетот на воздухот, зошто не ја употребат изјавата на Заев дека ајро ајро ќе го исчисти воздухот?СДС злоупотребува стара изјава на премиерот Мицкоски за квалитетот на воздухот. Ова е уште една фабрикувана лага како таа со ширењето на страв за наводни мигранти. Не знаеме зошто не ја употребат и изјавата на Заев, дека ќе донесе живот и воздух за сите. Како и тоа дека ајро ајро ќе го исчисти воздухот. Апелираме да намалат со доживувањата и павловиот рефлекс кој им се јавува во штабот на Бихачка, откако ќе ги добијат готовите соопштенија од Белград. Во продолжение изјавата на векот на лидерот на СДС, Зоран Заев. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Што значи кога некој ќе ве остави на “seen”?Потврдата дека пораката е прочитана, позната како “seen” има силно психолошко влијание.Допишувањето значително ги олеснува и комплицира љубовните односи. Овозможува со некого да разговарате цел ден без да му го чуете гласот, но и да видите кога ја прочитал пораката и одлучил да не ви одговори. Важно е да запомните дека “seen” е временска ознака, сè друго е интерпретација и претерана анализа, пишува Vice. Она на што треба да обрнете внимание е промената во однесувањето. Ако претходно сте разменувале пораки во текот на денот, а сега добивате само еден краток одговор на неколку дена, ситуацијата е поинаква од онаа кога имате работа со некој што отсекогаш бавно одговарал на пораките. Анализа на сопствената порака Некои порака бараат брз одговор. На пример, „Синоќа беше супер“, може да остане без одговор некое време, но прашањето „Се гледаме во 19 ч“?, очигледно бара брза реакција. Проблем се и неодредените пораки поради кои двете страни исчекуваат другиот да преземе иницијатива. „Би можеле да излеземе некогаш“ звучи симпатично, но не нуди материјал за одговор. Подобро е да се биде директен и да се даде конкретен предлог: „Слободна си за дружба следниот петок“? “Seen” ја зголемува нервозата Кога гледате дека некој ја отворил пораката, тоа ја елиминира можноста дека не ја видел. Примена е, но зошто нема одговор? Тука почнува дилемата. Истражување врз корисници на апликации за допишување покажало дека потврдата дека пораката е прочитана ја зголемува анксиозноста и честото проверување на телефонот. Можно е лицето да влегувало на состанок, да заборавило да одговори или едноставно да не знае што да напише. Не можете да знаете што се случило, но мозокот тежнее автоматски да конструира најлошо можно сценарио. Дополнителна порака е прифатлива Ако навистина ви е потребен одговор, во ред е после некое време да испратите уште една порака, но тоа да не биде спротивставување за тоа што не одговориле. Вистинскиот момент за дополнителна порака зависи од контекстот. Плановите за истата вечер бараат побрз одговор отколку споделувањето на некој „мем“. Исто така, нивото на комуникација што се очекува со некој со кого се гледате веќе шест месеци се разликува од она со некој со кого штотуку сте се „споиле“ на апликација за запознавање. Можеби не се заинтересирани Понекогаш причината за молкот е личноста да не е заинтересирана, а нема храброст да каже директно. Луѓето често избегнуваат непријатни разговори, а светот на запознавање им нуди бројни прилики да исчезнат наместо да преземат одговорност. Ако сте испратиле една дополнителна порака и сè уште нема одговор, обично нема смисла да инсистирате. Можете да испратите уште една неутрална порака во случај подоцна да ви одговорат, или едноставно да се откажете и да продолжите понатаму. Во секој случај, обидот да изнудите одговор од некој што очигледно ве избегнува, ретко завршува добро. Обрнете внимание на обрасците на однесување Секому може да му се случи да не забележи порака. Луѓето често ја отвораат пораката додека прават нешто друго, со намера да одговорат подоцна, и на крајот забораваат. Сепак, личноста исчезнува со денови и се јавува само кога ѝ одговара, тоа открива многу повеќе од една неодговорена порака. Тоа, за жал, е образец на однесување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските годиниДецата на возраст од 10 до 12 години бараат поголема самостојност, но и квалитетен однос со родителите.Децата кои до неодамна споделуваа сè што им се случило со своите родители, сега стануваат поповлечени, бараат поголема приватност и претпочитаат да им се доверуваат на пријателите. Оваа промена, која најчесто се јавува на возраст меѓу девет и дванаесет години, може да ги збуни родителите, па дури и да биде болна. Сепак, таа е вообичаен и очекуван дел од растењето. Предадолесцентите се менуваат физички, емоционално, когнитивно и социјално. Тие развиваат независност, ги преиспитуваат родителските правила и ги тестираат границите на она што е воспоставено. Иако понекогаш се однесуваат како веќе да немаат потреба од своите родители, сепак квалитетниот однос во оваа фаза е клучен за полесен премин во адолесценцијата. Како да останете блиски со вашето дете, а притоа да ја почитувате неговата сè поголема потреба за независност? Институтот „Child Mind“ (Child Mind Institute) подготви десет совети што ќе им помогнат на родителите да ја одржат довербата и отворената комуникација. Оддалечувањето не го доживувајте како отфрлање Повлекувањето честопати родителите го толкуваат како отфрлање, непослушност или доказ дека ја изгубиле блискоста со детето, сепак потребата за приватност е дел од развојот на самостојноста. Обидот од детето на сила да извлечете информација може да има спротивен ефект и дополнително да го оддалечите. Важно е да покажете интерес, но да не вршите притисок, туку да прифатите дека детето нема да ја сподели баш секоја мисла и тајна со вас. Одвојте време само за вашето дете Во овој период, психолозите советуваат да одвоите време еднаш до двапати неделно што ќе го поминете насамо со детето, со негова активност по извор, без мобилен телефон. Таквите моменти не мора да вклучуваат сериозни разговори. Заедничка прошетка, јадење сладолед, возење со автомобил или подготовка на вечера можат да создадат простор каде што детето спонтано ќе се отвори. Преку редовно заедничко време се зајакнува односот и детето учи важни комуникациски вештини. Прашувајте помалку, слушајте повеќе Прашања како „Како беше на училиште?“, „Која оценка ја доби на тестот?“ и „Со кого зборуваше?“ можеби некогаш поттикнувале разговор, но за дете во пред адолесцентна возраст, тие можат да звучат како испитување. Колку повеќе директни прашања поставува родителот, толку е поголема веројатноста да добива кратки одговори. Обидете се повеќе да слушате, бидете достапни и присутни, но дозволете му на детето да го избере моментот и темата на разговорот. Кога ќе ви се довери, не нудете веднаш решенија за секој проблем. Понекогаш му е потребна помош, но некогаш едноставно му е потребна потврда дека разбирате колку одредена ситуација му била тешка. Внимавајте со осудувањето на другите Децата на оваа возраст внимателно ги слушаат родителите кога зборуваат за други луѓе, особено за нивните врсници. Ги забележуваат коментарите за нечиј изглед, облека, однесување, оценки, објави на социјалните мрежи, и според тоа проценуваат колку може да ви се доверат. Ако сте премногу критични за туѓа грешка, тоа заклучува дека исто би реагирале и ако тоа направи слична грешка. Ова не значи да го игнорирате проблематичното однесување, туку да разговарате смирено без етикетирање и без избрзување со заклучоците. Гледајте заедно содржини што ги интересираат Филмови, серии, видеа и содржини на социјалните мрежи може да послужат како мост помеѓу родителот и детето. Кога повремено гледате што го интересира, полесно ќе го разберете неговиот хумор, неговите идоли и темите за кои разговара со пријателите. Заедничкото гледање дава прилика за разговор за односите, насилството, сексуалноста, границата помеѓу задевањето и понижувањето. Наместо да му држите предавање, дозволете му да го изрази своето мислење. Не ги одложувајте разговорите за сексот, алкохолот, дрогата. Децата тие информации веројатно ќе ги добијат од нивните врсници, од социјалните мрежи или други извори на Интернет. Затоа е важно да добијат точни и соодветни информации од родителите. Наместо долги сериозни разговори, подобро да водите кратки разговори кои се надоврзуваат на прашања, содржини што ги гледате заедно или секојдневни ситуации. Едукативните материјали исто така се од помош некои теми детето да ги истражи самостојно, а потоа да ви се обрати со прашања. Во овој период нивното тело интензивно се менува, како и односот кон него, па може да се појават првите знаци на нарушувања во исхраната. Разговорот за промените треба да виде отворен и смирен, без осуда и засрамување. Не реагирајте претерано Кога детето ќе дојде дома повредено бидејќи било исклучено од дружба, или видело фотографија од настан на кој не било покането, родителскиот инстинкт е веднаш да го заштити. Сепак, бурната реакција може дополнително да го вознемири. Наместо да се јавувате кај другите родители и да прогласувате катастрофална ситуација, прво сослушајте го детето. Потврдете ги неговите чувства, помогнете му да согледа што се случило и заедно разгледајте дали сака или може да преземе некаков чекор. Кога реагирате смирено, тоа му покажува дека непријатните емоции се подносливи и може да ги надмине со поддршка. Не игнорирајте го проблемот Смиреноста не значи незаинтересираност. Родителот кој го занемарува кршењето на договорените правила или промените во однесувањето испраќа порака дека не му е грижа и дека детето не може да му се обрати кога ќе настане проблем. На децата им се потребни јасни граници, важно е да знаете каде се, со кого го минуваат времето, какви содржини следат, но надзорот треба да се прилагоди на возраста и постепено да им се дава поголема одговорност. Целта не е целосна контрола, туку рамнотежа помеѓу безбедноста, довербата и независноста. Поттикнувајте ги девојчињата на активности што ја јакнеат самодовербата Самодовербата кај девојчињата може да почне да опаѓа после 9-годишна возраст, кога тие стануваат свесни за општествените очекувања, притисокот поврзан со изгледот. Тимскиот спорт може да биде еден од начините да развијат чувство на припадност, компетентност и да веруваат во своите способности. Слична улога може да имаат танцот, музиката, глумата, извидничката организација, волонтирањето и други активности кои им помагаат да градат односи. Дозволете им на момчињата да бидат ранливи Кај момчињата многу рано се испраќа порака дека тагата, стравот, нежноста и ранливоста се знаци на слабост. Затоа некои ги кријат чувствата токму кога има е потребна помош да ги препознаат и да ги изразат на здрав начин. Домот би требало да е место каде момчето ќе говори за разочарувањето, љубовта, стравот без исмејување. Развивањето на емпатија и емотивен речник ќе му бидат од корист во пријателските и партнерските односи. Доверба за годините што доаѓаат Наоѓањето рамнотежа помеѓу блискоста и самостојноста не е секогаш едноставно. Секогаш ќе постојат моменти во кои детето јасно ќе покаже дека не му е потребен родителски совет, барем не веднаш. Но, градењето однос во предадолесцентскиот период заснован на почитување на границите, чувствата и приватноста, на вашето дете ќе му овозможи чувство дека постои сигурна зона во која може да се врати без оглед низ што поминува. Отворената комуникација нема да спречи секаков проблем, но може значително да ги олесни адолесцентските години, пишува ordinacija.hr.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СудбинаПласичен хирург е убиен поради операција на задник- платен убиец го застрелал во глава пред сопругатаГерманскиот естетски хирург Александар Аслани (57) е убиен во неговата клиника во луксузното шпанско одморалиште Марбеља.Истражителите се сомневаат дека станува збор за професионално организирано убиство по договор, а истрагата е фокусирана на два можни мотиви, објави Пипл. Пред неколку дена, еден маж мирно влегол во ординацијата на естетскиот хирург и го убил Аслани со неколку истрели во главата. Неговата сопруга, Жанин, била сведок на нападот, по што истрчала врескајќи на улицата. Осомничениот, 18-годишен шведски државјанин, бил уапсен 24 часа по злосторството. Според шпанските медиуми, се верува дека е поврзан со озлогласената банда „Шотаз“. Полицијата наводно го пронашла благодарение на регистарската табличка на неговиот мотоцикл. Местото на злосторството била клиниката Цирумед во Марбеља, каде што Аслани извршувал пластични операции. Групата „Шотаз“ потекнува од проблематичната населба Ринкеби во близина на Стокхолм и сега е активна на Коста дел Сол, според извештаите на медиумите. Истражителите ја поврзале мрежата со сериозен организиран криминал. Според медиумските извештаи, групата наводно се занимава и со обезбедување на платени убијци, за што наплаќаат помеѓу 10.000 и 12.000 евра. Младиот Швеѓанец од африканско потекло е во притвор. Според извештаите, тој одбил да даде каква било изјава пред судијата за можните соучесници. По прегледувањето на медицинските картони на пациентите и интервјуирањето на вдовицата Жанин и вработените во клиниката, полицијата истражува два можни мотиви за убиството. Првиот можен мотив - Неуспешна операција на задникот Една од трагите води до богата Саудијка која сакала да го зголеми задникот или да се подложи на процедура позната како „бразилско подигнување на задникот“ (BBL), која чинела 40.000 евра. Александар Аслани извршил ваков вид операција илјадници пати. Меѓу неговите клиенти имало жени од светот на филмот и телевизијата, порно актерки, па дури и принцеза. Благодарение на ваквите процедури, тој стекнал голем углед во светот на естетската хирургија. Меѓу неговите пациенти била и интернет ѕвездата Никол Џулија, која ја изразила својата тага и благодарност за неговата работа по неговата смрт. „Ви благодарам, докторе, за вашите вешти раце и вашата грижа“, рече таа во прошталната порака. Според германскиот весник „Билд“, по првата операција на жена од Саудиска Арабија, за која наводно му биле платени 16.000 евра, Аслани одбил да изврши втора, претходно договорена интервенција. Наводно, тој сметал дека пациентката е психолошки неспособна да ја издржи следната фаза од операцијата. По неговата одлука, богатиот и, наводно, влијателен човек побарал да му бидат вратени парите. Наводно, Аслани одбил да ја врати првата уплата, по што добил сериозни закани. Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали спор околу естетската хирургија можел да биде мотив за ангажирање на платен убиец. Според медиумските извештаи, двојката ја напуштила Шпанија и сè уште не се вратила во својата матична земја. Веста за смртта на хирургот ги потресе и бројни познати личности кои биле подложени на процедури во неговата клиника. Британската актерка Ајслин Хорган-Волас, која позираше со својот колега Двејн Џонсон на фотографија, се збогува со него со емотивна порака. „Скршено ми е срцето. Д-р Аслани беше прекрасна личност, со големо срце“, рече актерката. Друг можен мотив - Одмазда по смртта на пациентка Друга линија на истрага се однесува на смртта на колумбиска пациентка, која наводно починала по естетска операција во клиниката на Аслани. Според германските медиуми, семејството на починатата жена било ужаснато од објаснувањето што го добиле од клиниката по нејзината смрт. Истражителите сега истражуваат дали случајот можел да биде мотивиран од одмазда и дали е можно да е поврзан со убиството на хирургот. Сепак, сè уште не е потврдено дека ниту еден од случаите е директно поврзан со злосторството. Во тек е меѓународна истрага, а полицијата се обидува да утврди кој можеби го нарачал убиството и дали осомничениот имал соучесници. Меѓу познатите пациентки на Александар Аслани била Хана Елизабет Овен, ѕвезда на реалното шоу „Остров на љубовта“. За многумина кои го познавале Александар Аслани, неговото убиство е шок. Бројни жени кои биле подложени на естетска операција во неговата клиника се збогувале со него на социјалните мрежи. Покрај неговата професионална работа, Аслани беше почитуван и поради неговите хуманитарни активности. Неговата посветеност на бесплатните операции во Јужна Африка и Индија беше особено значајна. Тој и неговата сопруга патуваа во Калкута секоја година, каде што хирургот оперираше сиромашни деца родени со расцеп на усните и непцето. Додека полицијата продолжува да ги истражува можните мотиви и врски на осомничениот со организираниот криминал, останува прашањето кој го нарачал убиството и што навистина стои зад ликвидацијата на германскиот естетски хирург во Марбеља. Тагови: хирург задникот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32