Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се без црвени линии, за Филипче се е на продажба па и националните интереси само поради властСДС нема никакви црвени линии. Венко Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт. СДС на чело со Филипче подготвени се да распродадат сè што е македонско, идентитетот, јазикот, историја и културата само поради една цел, за да дојдат на власт. Скандалозната изјава на Рубин Земон, во која се релативизира македонскиот идентитет и се омаловажува ликот и делото на Гоце Делчев, не е изолиран инцидент, туку огледало на политиките што СДС ги спроведува со години. Тоа е континуитет на понижување и негирање на сопствените национални вредности и македонските граѓани. Изјавата на Рубин Земон е олицетворение за вистинскиот пристап на СДС кон македонските национални интереси под раководство на Филипче. Филипче и СДС наместо да ги бранат државните позиции, тие прифаќаат услови од оние што ја блокираат Македонија и директно го попречуваат нејзиниот пат кон Европската Унија. За СДС, македонските национални интереси не се света обврска, туку средство за политичко пазарење. Не им пречи ниту фактот што нема никаква гаранција дека евентуални нови отстапки ќе бидат последни на патот кон ЕУ. Филипче не само што не се оградува од ваквите ставови, туку и ги поттикнува, поставувајќи луѓе со вакви позиции на највисоки партиски функции и испраќајќи порака дека е подготвен на нови и уште подлабоки отстапки. Рубин Земон е само уште една потврда дека за Филипче и СДС не постои граница кога станува збор за националните интереси. Сè е на продажба, само да се добие власта, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинаваСе помалку се купуваат, а се повеќе се изнајмуваат станови. Пазарот на недвижности во земјава во третиот квартал бележи пад на купопродажбите, а значителен раст на изнајмувањето. Продажбата на станови е намалена за 14 % додека бројот на станови дадени под закуп е зголемен за 45%. Пад од 6 проценти бележи и вкупната финансиска вредност на продадените станови, додека месечниот износ на закупнините за станови е повисок за 31%. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од јули до септември годинава. Но, дали ова значи дека граѓаните се почесто се откажуваат од купување стан и се одлучуваат да живеат под кирија? Од Градежната комора велат дека растот на изнајмувањето е резултат на сезонски фактори, МЕГУ НИВ почетокот на академската година, но и привремените работни ангажмани и туристичките престои.. --Значи тука има момент на изразено издавање на закуп за време на студии, за време на среднообразованија коишто доаѓаат од другите градови од државата, така да може да бидат повеќе симптоми, а делот дека од за постојано живеење, мислам дека тој тренд уште не е достигнат, да ние имаме земање на стан под закуп за долгорочен престој,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. Дополнително, извештајот покажува дека во третиот квартал највисока постигната цена за продажба на стан во новоградба изнесувала над 199.000 евра или околу 3.160 евра за м2. Станува збор за стан во О.Центар од 63м2. Јакимовски смета дека недостигаат станови по пристапни цени. Посочува дека квадрат од околу 3.000 евра не може да си го дозволи секој граѓанин и дека е потребна поголема понуда на станови со цени до 2.000 евра за квадратен метар.. -Затоа е потребно да имаме поголема понуда на недвижност со помала вредност која би се движела околу 2.000 евра, 1.900, којашто ќе биде околу централно градско подрачје и периферно на општините коишто се – Аеродром, Кисела Вода, Карпош, за да имаме стабилен пазар на недвижности,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. И покрај намалениот број купопродажби, становите остануваат најзастапена категорија на пазарот на недвижности. Во третиот квартал учествуваат со 34 проценти од сите купопродажби. На второ место е земјоделското земјиште и шумите со 29 проценти, а потоа куќите со 15 и градежното земјиште со 13 проценти. Над 7.600 трансакции биле регистрирани во овој период, со вкупна финансиска вредност од 339 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34