ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.

Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн.

53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.

Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил.

Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие.

Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи.

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари

Алина Хаба, поранешната приватна адвокатка на американскиот претседател Доналд Трамп, се омажи за турскиот милијардер Турхан Милдон и сподели детали од раскошната церемонија на социјалните мрежи. 

Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари

Двојката стапи во брак во саботата во хотелот „Волдорф Асторија“ во Њујорк.

Според извор цитиран од „Њујорк пост“, свадбата чинела приближно 10 милиони долари. Церемонијата се одржа во големата сала за свечености на хотелот, која беше украсена со околу 900.000 цвеќиња донесени од разни делови на светот.

Младенците си ги разменија заветите пред прекрасен аранжман од бели и розови рози, додека целата сала беше исполнета со црвени цвеќиња.

Посебно внимание привлече големата цветна декорација поставена на таванот, од која висеа светкави реси. По церемонијата, Хаба и Милдон го одиграа првиот танц на песната „Hier Encore“, во изведба на француски пејач ангажиран специјално за таа пригода.

Хаба смени дури три фустани во текот на вечерта. На почетокот, таа носеше прекрасна бела венчаница украсена со тантела и долг шлеп. Подоцна облече долг, светкав фустан со тенки прерамки, додека за забавниот дел од вечерта избра краток бел фустан со корсет со светки и цветни детали на здолништето.

Нејзиниот сопруг се одлучи за класичен црн костум, бела кошула и пеперутка-вратоврска. За организација на целата прослава ја ангажирале компанијата „YSD Events“, а гостите ги забавувал оркестар од 30 члена.

Децата на Алина, Клои и Лук, го поминаа речиси целото време од вечерта покрај младенците.

На прославата присуствуваа бројни истакнати личности од политичкиот круг на Трамп, како и други јавни личности. Меѓу гостите беа поранешниот боксер Мајк Тајсон, директорот на ФБИ Каш Пател, американскиот адвокат Тод Бланш и соработничката од Белата куќа, Марго Мартин.

На свадбената прослава настапи и познатиот рапер Нели. Хаба и Милдон се запознаа претходно оваа година на еден настан во Центарот „Кенеди“, по што нивната врска стана јавна.

Ова е трет брак на Хаба. Од 2011 до 2019 година таа беше во брак со адвокатот Метју Ајет, со кого има две деца. Потоа, од 2020 до почетокот на 2026 година, таа беше во брак со претприемачот Грег Рубен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: „Кралот“ Леброн Џејмс претставен како нов кошаркар на Филаделфија

Еден од најдобрите свтески кошаркари во историјата, популарниот „крал“ Леброн Џејмс е претставен како нов играч на Филаделфија 76ерс.

Видео: „Кралот“ Леброн Џејмс претставен како нов кошаркар на Филаделфија

Најголемата ѕвезда во моментов во НБА јасно стави до знаење дека не дошол во Филаделфија за уште една сезона без борба за титулата.

На почетокот на своето обраќање пред медиумите, Џејмс ја фрли својата идентификациска картичка на подот во својот препознатлив стил и праша: „Знаете кој сум, нели?“ Најпознатиот кошаркар во светот и најдобриот стрелец во историјата на НБА ја започнува 24-тата сезона во својата кариера, овојпат во дресот на „Сиксерс“.

Во тимот ќе игра заедно со Џоел Ембид, Тајрис Макси, Ви-Џеј Еџкомб и Џејлен Браун, кој пристигна од Бостон ова лето.

„Не го напуштив семејството за да загубам во второто коло“, рече Џејмс, очигледно алудирајќи на фактот дека „Сиксерс“ беа елиминирани во полуфиналето на Источната конференција минатата сезона.

Филаделфија ја заврши минатата сезона со 45 победи и 37 порази, а потоа доживеа елиминација со „чиста“ серија (без ниту една победа) од идниот шампион, Њујорк Никс. Сега ситуацијата е сосема поинаква.

Џејмс потпиша двегодишен договор вреден околу осум милиони долари откако Браун му се приклучи на тимот, па така „Сиксерс“ ја дочекуваат новата сезона со големи шампионски амбиции.

Џејмс истакна дека не очекува проблеми при вклопувањето со новите соиграчи. „Предноста на мојата игра е што можам да правам сè. Буквално сè“, изјави 41-годишниот Леброн Џејмс.

Бројките ги потврдуваат неговите зборови – минатата сезона во дресот на Лејкерс, тој имаше просек од 20,9 поени, 6,1 скок и 7,2 асистенции по натпревар. Во текот на кариерата, тој бележи просек од 26,8 поени, 7,5 скока и 7,4 асистенции, со повеќе од 1.600 одиграни натпревари.

„Одлично е што тој е тука“, рече Макси, кој во изминатите две сезони прерасна во лидер на тимот. Токму Макси одигра посебна улога во доаѓањето на Џејмс – тој дури и го вклучи во групниот разговор наменет за играчите на тимот.

Џејмс размислуваше да ја заврши кариерата во текот на летото, особено затоа што сакаше да остане блиску до своето семејство во Лос Анџелес.

Сепак, по одморот и тренинзите, тој одлучи да продолжи. Кога го прашаа уште колку долго планира да игра, тој не сакаше да даде одговор.

„Не сакам да зборувам за иднината во овој момент. Би било нефер кон мене ако сакам да живеам во сегашноста, особено знаејќи во која фаза од кариерата се наоѓам“, рече Џејмс. Сега е тој момент – Филаделфија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер