ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ зборуваат за Европа, а на онкологија некој правел бизнис со лекови - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ зборуваат за Европа, а на онкологија некој правел бизнис со лекови

Со кој образ владата на ДУИ и СДС води кампања дека тие се Европа, а Македонија ја тресе скандал со клиниката за Онкологија и правењето бизнис со терапијата на грбот на пациентите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ зборуваат за Европа, а на онкологија некој правел бизнис со лекови

Овој скандал не е од вчера, овој скандал трае со месеци наназад, а можеби и две години. Злоупотребата на скапата терапија, која наместо кај пациентите завршувала на црниот пазар не можела да се случува без знаење на највисоките структури во клиниката и во владата.

Зошто МВР и Обвинителство молчеле цело ова време и покрај реакциите од јавноста. Зошто дозволувале некој да прави бизнис на сметка на животите на пациентите? Свесни ли дека доколку реагирале пред година или две или пред неколку месеци, нечиј живот можел да биде спасен или продолжен?

Половина да е точно она што го објавија медиумите дека пациентите биле лекувани со физиолошки раствор, а терапијата одела под рака во странство или била нудена пак на пациентите, е огромен скандал и е крајно нечовечки.

За овој скандал со злоупотреба на терапијата на клиниката на Онкологија мора да има политичка одговорност за молчењето и бавната реакција, но и темелна истрага после која ќе следи кривична одговорност. Доколку тоа не се направи сега, со овие киднапирани институции и киднапирано правосудство, одговорност ќе следи за многу скоро потоа после смената на власта, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Народната банка го презеде управувањето со „Алта банка“тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори во „Алта банка“ Битола.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска ги преземаат надлежностите на досегашните органи на управување.Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери.Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај.

Администрацијата е воведена за период од три месеци поради ризик за солвентноста на банката. Мерката следува откако на матичната „Алта банка“ во Белград ѝ беше одземена дозволата за работа.

Сопственикот од белград е известен да ги стави акциите на продажба.Доколку тоа не се случи, Народната банка ќе ги понуди на аукција, бидејќи има заинтересирани купувачи. Вчера гувернерот Трајко Славески во телевизиско гостување рече дека народната банка направила проверки пред давањето согласност за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола.за таа цел, писмено се обратиле до европската централна банка и други регулаторни институции.

Според Славески, добиените одговори не покажале пречки за одобрување на трансакцијата.тој појасни дека согласноста била дадена на Алта Банка Белград, а не на физичко лице.во врска со сопственичката структура поврзана со Давор Мацура,кој е уапсен од властите во Белград рече дека не може да знае дали некој стои зад него .Одлуката за банката била донесена врз основа на предлогот на супервизијата и супервизискиот комитет.славески смирува дека наскоро ќе има поволен исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер