ВМРО-ДПМНЕ: СДС го вратија директорот на ЦСР во Радовиш, разрешен поради трговија со дрога

Вчера власта на СДС и ДУИ застана во заштита на лице обвинето за криминал, поточно трговија со дрога и тоа лице го постави на функција. 

Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година.

Ова решение беше донесено после скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога. Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција.

Со кој образ Тренчевска и СДС ќе се појават во јавноста и ќе објаснат дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога.

Да потсетиме, кого штити СДС. Се работи за Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. Ако мислат дека ваквите нивни кадри ќе им помогнат во поткупи, притисоци или изборен инженеринг, тогаш се лажат. Уште повеќе ќе потонат.

Народот гледа дека СДС одлепиле скроз и тоа народот ќе го казни.

Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот, се наведува во партиското соопштение.

Џенифер Лопез се појави прв пат во јавност по информациите за развод- сите гледаат во прстенот

По неодамнешните гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, 54-годишната актерка е снимена во Лос Анџелес при пристигнувањето во студио за танцување.

Еден детал го привлече вниманието на фотографите - среде гласините за развод, Лопез се уште го носи својот венчален прстен.

Имено, како што пишува In Touch Weekly, на актерот му се „дошло преку глава“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата која ја делат. Ова го потврди извор близок до парот. „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.

Фановите претходно забележале дека парот не поминува време заедно со недели, додаде TMZ. Актерот не беше на Мет Гала со неговата сопруга на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавач на настанот.

"Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде својата куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да контролира. Немаше шанси ова да трае“, тврди изворот.

Зеленски го потпиша законот за мобилизација - затвореници ќе можат да заминат на фронт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за мобилизација, кој, меѓу другото, предвидува некои категории осуденици да можат да служат војска.

Според документот, затворениците ќе можат да се мобилизираат во армијата за договорна служба и ќе бидат пуштени на условна слобода.

Според министерот за правда, во Украина има околу 10-20.000 осуденици, кои можеби во иднина ќе бидат мобилизирани и ќе служат во специјалните единици, пренесува РБК Украина.

Заменик министерката за правда Елена Висоцка, пред усвојувањето на законот, изјави дека истражување спроведено во април покажало дека околу 4.000 илјади затвореници се согласиле да одат на фронтот во замена за условно ослободување од издржување на казната.

Истовремено, одбиени се околу 4.000 осуденици на кои им биле дијагностицирани заразни болести како ХИВ, хепатитис и туберкулоза.

Како што е наведено од Министерството за правда, на 15 мај 2024 година во украинските затвори имало 27.471 осуденик, меѓу кои 1.538 жени.

Заменик министерката за правда додаде дека за законско функционирање потребно е носење подзаконски акти. Според неа, за околу неколку недели законот ќе биде целосно имплементиран.

Зеленски денеска потпиша и посебен закон за зајакнување на одговорноста за воени прекршоци, со кој се зголемуваат казните за оние кои нема да ги почитуваат правилата за мобилизација. Документот предвидува зголемување на казните за прекршување на правилата за воена администрација и законодавството за одбрана, воена служба и воена служба, мобилизациска обука и мобилизација. /МИА

Санчез: Шпанија ќе ја признае Палестина само во заедничка акција со други земји

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Мадрид ќе ја признае палестинската држава само како дел од заедничката акција со другите земји.

Во интервју за ТВ станицата „Ла Секста“, Санчез ги негираше и информациите дека Мадрид ќе ја признае Палестина на 21 мај, пренесуваат британските медиуми.

Тој претходно изјави дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и верува дека наскоро ќе има „критична маса“ во ЕУ што ќе принуди неколку членки да заземат ист став.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на крајот на април изјави дека неколку земји од Европската унија имаат намера да ја признаат Палестина како независна држава до крајот на мај.

Во март, Шпанија, Ирска, Малта и Словенија најавија дека ќе работат заедно за признавање на палестинската држава. Меѓу членките на ЕУ, независноста на Палестина ја признаваат и Бугарија, Унгарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.

Во моментов, Палестина е призната како независна држава од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации./МИА

притисни ентер