ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат

СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат

Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции.

Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив, важно е само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија.

Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот. Тоа го потврдија неколкупати на избори, а бројките велат дека над 80% граѓани не смеетат дека барањата на Бугарија за внесување на Бугари во Устав не треба да се прифатат.

Единствен кој ова го поддржува е Филипче. Зошто Филипче продолжува да инсистира да се случат овие измени?

Ставот на Бугарија околу ова прашање е цврст, јасен и не е променет.

Ставот на македонскиот народ е исто така јасен. Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет.

Македонија заслужува да има достоинствен евроинтегративен пат, а не редефинирана историја и ново национално предавство за да може Филипче и неговиот најтесен круг повторно да се богатат на грбот на народот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли

Утринава околу 6 часот наутро изби пожар во орман за струја пред зграда на адреса Булевар Борис Трајковски бр. 23 во скопската населба Кисела Вода .

Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли

Во пожарот, според полицијата, биле зафатени и изгореле кабли.„Пожарот е изгаснат од екипи на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“,таму е Дејан Трајкоски.

Според МВР, се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот, како и за целосно расчистување на случајот.според податоците на центарот за управување со кризи , пожарот настанал откако се запалила електрична инсталација пред зграда на трим и лум. Според очевидци станарите биле разбудени од полицијата, како и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии и се слушале дури до повисоките катови на зградата, а силен чад го исполнил влезот за неколку минути.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со макарони и туна

Во петок (05.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Софија Теодор.

„Гответе со Дракче“ -  Салата со макарони и туна

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ситни макарони

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

2 чешниња лук

1 голема конзерва туна

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва

Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста.

Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва

Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти.

Се работи на Законски измени кои предвидуваат воведување на задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор и слично. Дополнително, се зајакнува контролата при отворање на нови деловни простории, при што ќе биде потребна претходна согласност од Министерството за финансии, со утврдени критериуми за условите на работење.

Со измените се предвидува и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и укинување на исплатите во готовина, со што кредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка. Целта е поголема следливост на финансиските текови и намалување на ризиците од злоупотреби.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интерву за Телма Телевизија истакна дека измените се резултат на засилени контроли и утврдени недоследности во работењето на дел од финансиските друштва.

“Имаме законски измени кои што ги подготвуваме во периодот што следи. По спроведените контроли утврдивме одредени слабости и непрецизности во постојната регулатива кои оставаат простор за различни толкувања и практики. Затоа пристапуваме кон заострување на критериумите и воведување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на готовинските исплати. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот“,кажа министерката.

Како што појасни министерката, досегашните контроли резултирале со утврдени неправилности, а во одредени случаи биле преземени и мерки како одземање на лиценца. Дел од постапките се иницирани и по пријави од граѓани, кои, како што нагласи министерката, имаат значајна улога во откривањето на неправилности.

Со овие измени според Димитриеска-Кочоска се очекува значително зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер