ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите

Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите

Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги.

Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори.

Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична и наместо да се дистанцираат и да се правдаат, триото Заев, Филипче и Барбов треба да дадат одговор на неколку суштински прашања.

Како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз основа на што била дадена конзилијарна препорака, ако пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење?

Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија?

Фактот дека Македонија и Бугарија имаат билатерална соработка во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку постојан јасно пропишани правила, кои пациенти во кои случаи добиваат лекарска грижа или лекување во други држави, а не вака како што Барбов го скроил упатувањето.

А, со ваквата препораката за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции.

Ова трио целосно се соголи, веќе е јасно којшто направил и која улога ја имал, но наместо со изјави да се вадат од случајот со Мијаилова, Барбов, Филипче и Заев треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

 Централната команда на САД (CENTCOM) ги отфрли трите тврдења на Иран, наведувајќи на платформата X дека Соединетите Држави и регионалните партнери сè уште го контролираат Ормускиот теснец.

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира.

ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот брод бил погоден од ракета истрелана од Иран и потонал „додека бил влечен кон брегот“.

ЦЕНТКОМ исто така ги отфрли тврдењата дека Иранската револуционерна гарда „убила стотици американски војници во Јордан“.

„Тројца американски војници загинаа во борба во јули, додека партнерските сили ги бранеа своите позиции од ирански напади“, соопшти Централната команда на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Општина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.

О. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“.

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север.

Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава.

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот.

На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор.

Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката.

Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори.

Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина.

Посебен дел од разговорите се посвети и регионалното поврзување на земјава со соседите, за што министерката информираше за напредокот во однос на енергетското поврзување со Грција и Србија, потенцирајќи дека се работи и на нови мрежни поврзувања со земјите од регионот.

На средбата беше нагласено значењето и на сајбер безбедноста, како предуслов за безбеден енергетски систем, за што беше истакната можноста за взаемна соработка на ова поле.

Министерката Божиновска, на состанокот, ја потврди силна посветеност кон партнерството со ЕБОР, како еден од клучните партнери на нашата држава во напорите за создавање стабилна енергетска иднина за државата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на партнерски пристап и целосна имплементација на реформските чекори за зголемување на енергетската сигурност што ќе придонесат за побрз развој на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер