ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференцијата на Венко ФилипчеДодека Филипче сонува со отворени очи власт во Македонија, нека почне од самиот себе и нека ги повика Заев и останатите да ги вратат украдените пари и да одговараат пред правдата.Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол „за вистина и правда“. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено, самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДС токму од Заев. И така обединети, малкумината партиски другари останати и поставени во СДС токму од Заев, единствено со отворени очи сонуваат власт, иако знаат дека народот не ги сака и за нив не гласа. Тоа им го покажаа на четири последователни изборни циклуси, а на последниот ги донесе до биолошкиот минимум од одвај 130 илјади гласа, со што СДС стана трета партија во државата и петта во градот Скопје. Ако навистина Филипче е загрижен за државата и граѓаните како што глуми на прес конференциите, не мора да чека некој да го донесе на власт, зошто граѓаните секако нема го гласаат на избори, нека ги повика поранешните владини функционери од СДС кои ја опљачкаа државата и ги осиромашија граѓаните, на чело со Зоран Заев, да ги вратат украдени пари и да се предадат на органите на прогонот. Може Филипче и тој да биде пример за останатите и нека биде прв кој тоа ќе го направи за да се истражи целата негова инволвираност во набавките на модуларните болници, каде тој лично ја правел тендерската спецификација и потпишувал анекси за зголемување на цената за 20%, кои веројатно завршиле по приватни џебови, што како таа во Тетово, граѓаните со живот ги платија. Исто така, Филипче не мора со отворени очи да сонува да дојде на власт за да го донесе таканаречениот нивен закон за нулта толеранција на корупција и не мора да го чека европското обвинителство, прво нека ги повика штетниците во обвинителството како Ислам Абази и Катерина Коларевиќ да ја ослободат институцијата од каде што ги штитат токму криминалците на СДС и ДУИ, нешто што е многу очигледно по стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра. Наместо заштита од компромитираните и од нив избрани кадри во судството и обвинителството, СДС и Филипче нека побара нивно заминување и целосна истрага за набавките на јаглен за потребите на РЕК Битола од фирма која на Венко Филипче му подарила луксузен џип Ауди Q8, и сомнителните милионски трансакции од истата фирма на сметка на фирма на Заев во Бугарија, каде што на иста адреса и Филипче имал фирма. Кога ќе се истражат сите овие случаи, кога ќе има одговорност за овие и други криминални и корупциски делувања од страна на Заев, Филипче и останатите, и кога парите ќе се вратат во буџетот, ќе има и за повисоки плати, за повисоки пензии, ќе има повеќе пари и за земјоделците, за повеќе градинки, училишта, болници и за чесните кадрите во судството и обвинителството кои правдата ќе истераат до крај. И уште нешто, џабе му е еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, тоа не му носи политички поени кај македонските граѓани. Затоа што граѓаните дополнително ја гледаат поданоста и измеќарството на туѓите агенди, наспроти и на штета на македонските национални интереси.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter