ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДС, Љубица Јанчева - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДС, Љубица Јанчева

Освен тоа што покажаа дека Данела Арсовска работи за СДС и ДУИ, покажаа и колку се правно неписмени во обидот да направат политика и да ја оправдаат елементарната непогода, Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДС, Љубица Јанчева

Агенцијата за катастар не донесува или брише конкретни акти по сопствена одлука туку врз основа на барање на корисниците на услугите на Агенцијата.

Агенцијата за катастар на недвижнини постапила согласно Закон и за тоа била обврзана, во спротивно би го прекршила законот.

Имено согласно Законот за катастар Агенцијата врши упис и брише упис по правен основ. Во конкретниот случај, тоа е решение за легализација кое го има доставено општината Чаир. Агенцијата за катастар согласно законските надлежности само гледа дали решението е доставено од надлежен орган, дали има печат за правосилност и потпис од овластеното лице. Катастарот врз основа на овие параметри врши упис, а за веродостојноста на решението за легализација одговара општината.

Општината Чаир има доставено во Агенцијата за катастар решение за поништување на легализацијата. Од Управата им било побарано да достават платена административна такса и потоа легализацијата е избришана.

Повторуваме Агенцијата за катастар не носи решенија за бришење, туку постапува по конкретни акти на корисници во случајот општина Чаир.

Да се остават на страна драмите на СДС, за некакви инсајдери, доушници, свиркачи. Љубица Јанчева не ја откри Америка, туку потребно е да ги научи правните прописи по кои работат институциите.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово  во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. 

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

-На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

И кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка.

Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка.

Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери.

Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните.

Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во Евролигата

Центарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70  против фаворизираниот Фенербахче.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за  МВП на 13-тото коло во Евролигата

Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка.

Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди.

Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона.

Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81).

Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер