ВМРО-ДПМНЕ: Рашела Мизрахи не го прекрши ниту законот, ниту Уставот,ја разрешија затоа што го откри и не молчеше за криминалот

Лицемерието на хибридниот режим на Зоран Заев целосно се разобличи со разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Рашела Мизрахи не го прекрши ниту законот, ниту Уставот. Напротив, ја разрешија затоа што го откри и не молчеше за криминалот кој бил правен претходно во министерството, неодговорното работење и неспособноста на кадрите на СДСМ.

Дека се работи за хипокризија покажува и фактот што и самиот Оливер Спасовски при образложувањето на разрешувањето користеше термин Македонија, а тоа го направи и на митинзи и јавни настапи претходно.

Дури и Никола Димитров, човекот кој хистерично бараше разрешување на Рашела Мизрахи за употреба на терминот Македонија, деновиве пушти оглас за вработување во Министерството за надворешни работи во кој меѓу другото се бара кандидатот да биде државјанин на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Според истата логика на СДСМ, Оливер Спасовски требаше да побара разрешување и на Никола Димитров и на самиот себе, исто како што бараше и за Мизрахи.

Дури и штетниот договор од Преспа предвидува рок за внатрешна употреба на придавката пред името Македонија. Затоа и државните институции сеуште го немаат променето името во Централниот регистар или Управата за јавни приходи.

Така на пример на официјалната веб страна на Управата за јавни приходи, во делот каде може да се пребаруваат сите даночни обврзници во Република Македонија, се уште има државни институции, министерства, агенции, комисии кои се заведени и чие име е Република Македонија. Тоа се:

- Влада на Република Македонија - Секретаријат за информации Скопје

- Министерство за надворешни работи на Република Македонија

- Агенција за енергетика на Република Македонија

- Агенција за храна и ветеринарстов на Република Македонија

- Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија и други

Ниту овие институции не направиле никакво прекршување, но, ќе повторам, по истата логика на Спасовски, Заев и СДСМ дузина министри и директори кои раководат со овие ресори требаше да бидат разрешени во ист ден , па и порано, како што направија со Рашела Мизрахи.

Станува очигледно дека таблата која СДСМ ја скандализираше и барањето за разрешување на Мизрахи е само обид за дефокусирање на јавноста во ситуација кога Заев и неговата екипа се фатени во криминали, корупција, рекети, сомнителни тендери и слично. СДСМ за да се спасат од одговорноста се подготвени дури и да го прекршуваат и сопствениот договор во корист на Грција. Јавноста гледа и суди. Народот ќе ги казни на 12 април заради лицемерието, погазувањето на достоинството на народот и државата, но и за целиот криминал и корупција кои ги направија во овие три години.

Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер