ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на СДС е во скут на бугарското разузнавање и ДУИ, нереформирано СДС е штетно за државата - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на СДС е во скут на бугарското разузнавање и ДУИ, нереформирано СДС е штетно за државата

ВМРО-ДПМНЕ ако од нешто има паника, тоа е од мазохистичките прес-конференции и соопштенија на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на СДС е во скут на бугарското разузнавање и ДУИ,  нереформирано СДС е штетно за државата

Се грижиме што не останавме со нормална реформирана опозиција, која ќе биде алтернатива и коректор на власта. И наместо тоа, го имаме истиот СДС кој ги донесе 7-те години беда, корупција, предавства и пропаст на државата и нејзините институции.

СДС, чие раководство е во скут на бугарското разузнавање и на ДУИ, заради сопствените коруптивни особини и однесувања.

Од тоа се плашиме, што СДС не ја сфаќа реалноста и фактот дека народот не им заборава и нема да им прости.

И наместо да се реформираат и променат на подобро, тие продолжуваат со неинвентивни соопштенија дека сме се уплашиле, во ситуација кога не можат да најдат кандидати за градоначалници и во која 3-4 освоени градоначалници за нив ќе е огромен успех. Е од тоа се плашиме.

Ова СДС, освен што е штетно како власт, е еднакво деструктивно за државата и од опозиција, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унија

Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. 

Мицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унија

Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки.

-Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се ​​обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија.

Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа.

На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман.

-Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана

Се уште е неизвесно дали некој од полициските службеници кај кои беа утврдени пропусти во постапувањето во случаите со семејно насилство во кои животот го загубија Росица Коцева и Ивана Јовановска, ќе понесе и кривична одговорност. 

Се уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана

Повеќе од една година по убиството на 31-годишната Росица од Велес, која заедно со својот татко беше убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски, а кој потоа си го одзеде и сопствениот живот, се проверува постапувањето на 11 полициски службеници од СВР Велес. Во предметот за Ивана која со својата малолетна ќерка си го одзеде животот, под лупа се 39 полициски службеници кои не постапувале по пријавите за семејно насилство против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски.

Досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, тврди дека во двата предмета интензивно се постапува, дека се сослушани голем број лица и дека наскоро се очекува обвинителска одлука.

-Во тој предмет се преземени доста дејствија, се сослушани многу осомничени, сведоци, лица кои можат да помогнат во оваа постапка и очекуваме во брзо време јавниот обвинител да донесе соодветна јавнообвинителска одлука. По однос на времетраењето на предметите и преземените дејствија, од секој настан, од секоја кривична пријава зависи. За двата предмети што вие ги спомнавте интензивно се постапува и секако кога ќе ги прибави сите потребни докази и известувања и наредби што ги дал јавниот обвинител, ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука и по овие предмети,- изјави – Ислам Абази – Досегашен шеф на ОЈО ГОКК.

Но, новата шефица на ова обвинителството, Искра Хаџи Василева, уште на почетокот на мандатот посочува на проблем во функционирањето на специјализираното одделение кое ги гони полициските службеници. На реакциите околу долгото траење на истрагите, вели дека еден од нејзините приоритети ќе биде прашањето за функционирањето на ова одделение.

-Веројатно во иден период треба да се размислува за, во суштинска смисла да се размислува за позицијата на ова одделение и за видот на пристап во однос на одговорноста, бидејќи одговорноста на полициските службеници е широка. Таа имате и дисциплинска и кривично-правна. Мислам дека тука има простор за подобрување, а знам дека и раководителот е на тој став, така што останува тоа да биде едно од прашањата со кои после првите административни ќе се занимава секако и шефот на обвинителството,- изјави – Искра Хаџи Василева – ЈО на ОЈО ГОКК.

Хаџи Василева од денеска и официјално ја презеде функцијата шефица на ОЈО ГОКК од Ислам Абази, кој по истекот на мандатот се враќа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.

Таа порача дека е убедена оти ќе остане имуна на политичките и другите притисоци и дека нема да дозволи интервенции во конкретни предмети. Абази заминува од функцијата со оценка дека обвинителството го водел професионално, законито и непристрасно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот

Остра осуда и повици до институциите за итна разврска- се огласија политичките партии за случајот со претепаната девојка во Охрид.

Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот

И власта и опозицијата бараат детална истрага и одговорност за сите вмешани лица кои на било каков начин му помогнале на сторителот да го прикрие делото и да помине со поблаги мерки.

Од ВМРО-ДПМНЕ со која го поврзуваат семејството Корабоски, преку соопштение го осудија насилството врз 26 годишната Сара и порачаа дека никој не е над законот. Упатија критика до обвинителството зошто по апсењето го пуштиле сторителот на слобода.

-Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата., стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека блиските релации на семејството со владејачката партија му помогнале на насилникот да помине полесно. Повикаа на протест утре во 18 часот пред СВР Охрид.

-Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позициите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара,-Кети Штерјова – Форум на жени на СДСМ.

За да се стави крај на покажување на моќ пред системот треба да има поригорозни казни, оценува претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Според неа треба да одговараат и оние кои се обиделе да му помогнат на сторителот да го прикрие случајот.

-Сметам дека обвинителството во ваков случај треба да ги земе сите околности и како правник би барала да се квалификува како обид за убиство а не само како нанесување на телесни повреди. Навистина се гледа дека девојката можеше да биде следната жртва на фемицид. / Чиво сака нека биде, дете на директор, на министер, на кого сака, одговорност пред законот,-Моника Зајкова – претседателка на ЛДП.

Се огласи и министерот за правда Јетон Шасивари, кој вели дека полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, привилегии и двојни стандарди, а секое пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност. Додава дека со новиот Кривичен законик ќе се зајакне заштитата од семејно и родово базирано насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер