ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат изборниот фалсификат

Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните. Зоран Заев знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе виде поразен и ќе мора да си замине.

Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта.

Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателси избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот.

Клучно оправдување на власта е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија.

Не е реформски процес политиката ,,едно евро за Заев, едно евро за Вицето''. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субценции.

Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи.

Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата?

Дали можеби клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада?

Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.

Предвремените парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат и изборниот фалсификат за кој сме сигурни дека СДСМ го припрема со оглед на начинот на кој што беше спроведен референдумот за промена на името и локалните избори 2017-та година. Техничката влада ќе ги спречи ,,брзите'' гласачи кои ,,гласаат'' на секои 2,4 секунди, полнењето на кутии и поткупот на гласачи и секаков вид на изборни нерегуларности во очи на претседателските избори и на денот на изборите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. 

Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот - 115:112, 113:114, 114:113.

Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ерата со четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сега украинскиот боксер има шест појаси: четири големи: ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и два помали: ИБО и Ринг.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој забележа 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер