ВМРО-ДПМНЕ предлага вонредни мерки за Скопје и поголемите градови во Македонија

Македонија се соочува со една од најголемите кризи во историјата предизвикана од епидемијата на опасниот корона вирус и економска криза од досега невидени размери. 

Погодени се сите граѓани, а ниту локалните, ниту пак централните власти предводени од СДСМ не прават доволно за да ги заштитат граѓаните и стопанството.

Со оглед на фактот дека сообраќајот е драстично намален во периодот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ предлага вонредни мерки за справување со кризата, но и со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и останатите градови низ државата.

Апелираме истите да бидат прифатени од страна на локалните власти ширум Македонија. А, мерките се следни:

На булеварите со повеќе ленти, најдесната лента да биде привремено наменета за велосипеди, а велосипедската патека доколку воопшто ја има да биде привремено наменета за пешаци.

Онаму каде што веќе има велосипедски патеки, а нема услови да се направи една коловозна лента само за нив, да се зголемат тие велосипедски патеки односно нивната ширина да се дуплира се со цел да се овозможи безбедно движење на велосипедистите и оние кои што возат електрични тротинети.

Маалските улици да се прогласат за зона 20 каде што максималната дозволена брзина на автомобилите ќе изнесува 20 километри на час, и да се дозволи пешаците, велосипедите, електричните тротинети да ги користат и нив за своето движење.

Да се ослободат од плаќање на паушалот за терасите за летна сезона 2020 година сите угостители во државата.

Јавниот простор пред локалите да биде даден на користење на угостителите додека трае ситуацијата со корона вирусот, се со цел да имаат можност бројот на маси кои го имале во локалот и на терасите заклучно со 18.03.2020 година да ги постават на јавниот простор околу локалите. Оваа мерка предлагаме да важи доколку не бидат одземени повеќе од 30% на просторот за движење на пешаците околу локалите.

Онаму каде што е имаме платен паркинг на уличките пред локалите, тие паркинг места да бидат искористени и на неколку паркинг места да се постават т.н. „Парклети“ кои што ќе можат да се користат за поставување на клупи, но и дополнително поставување маси за седење и нема да им се одзема простор на оние кои што се движат пешки.

Голем број на градови во Европа и целиот свет веќе има преземено вакви мерки и се очекува во наредниот период да се видат резултатите од зголеменото користење на велосипедите и електричните тротинети насекаде наместо автомобилите токму затоа сметаме дека ова е период во кој што Скопје и останатите градови треба да ги реализираат ваквите „поп уп“ мерки за зголемување на ваквиот начин на движење на граѓаните.

Живееме во време во кое нема простор за суета, здравјето на граѓаните и нивната економска благосостојба е поважна од каприците на власта. Уште еднаш апелираме овие вонредни мерки да бидат прифатени за доброто на сите граѓани.

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер