ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2% доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2% доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати

Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност.

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2% доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати

Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите.

Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци.

За да бидат работите појасни, дека не се проблем примањата туку ефикасноста на нашиот правосуден систем, ќе направиме неколку споредби.

Прво ќе почнеме од соседна Србија, каде судиите и обвинителите земаат 2,3 просечни плати, околу 120.000 денари или 2.000 евра, а довербата на граѓаните е 20%. Со ист процент на доверба од 20% во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ и таму нивните правосудни органи земаат плати, приближно, колку нашите претседатели на судови, односно 3350 евра.

Словенија е земја со висок процент на доверба во судството од 41%, додека пак платите на судиите се движат од почеток од 107.000 денари или 1738 евра, кои во врвот на кариерата достигнуваат до нешто над 4000 евра.

Тука, секако, не треба да ја заборавиме и една од економски најразвиените европски држави, Германија каде довербата на граѓаните во судството е неверојатни 58%, а судиите земаат околу 3300 евра плата или 200.000 денари.

Судиите и обвинителите и нивните здруженија во Македонија сега бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би зел околу 160.000 денари или пак претседател на некој суд 360.000 денари. Што би значело, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати.

Тоа би било над сите примања кои ги добиваат нивните колеги во Европа со далеку повисока ефикасност и доверба од граѓаните, а кај нас со доверба од само 2%.

Затоа повикуваме на разумност и веќе крајно време е правосудните органи да се зафатат со работа и да покажат резултати кои ќе ги почувствуваат граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Најдобриот македонски кошаркарски клуб, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја заврши соработката со тренерот Васко Атанасов.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија денеска од таборот на актуелниот македонски кошаркарски шампион.

Атанасов го презеде кормилото на сино-белите во 2023 година и веднаш се запиша во историјата на домашната кошарка како најмладиот стратег кој успеал да стигне до шампионски трофеј. Од клубот изразија огромна благодарност за неговиот придонес и неверојатните успеси кои ги постигна со тимот од Аеродром, со желби за среќа во понатамошната кариера.

„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, стои во соопштението на клубот.

Името на новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје ќе биде објавено дополнително, а дотогаш тимот ќе го водат неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат.

Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки.

Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува.

СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат.

Едниот криминалец со тапија, а другиот без.

Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијата

- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода.

- Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер