ВМРО-ДПМНЕ: Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти

Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти, во еден мандат зголемување ќе има од 46% до 60 %.

ВМРО-ДПМНЕ: Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти

СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да воспостави напреден воспитно-образовен систем.

Образованието е еден од клучните столбови на државата и има клучна улога во обликувањето на поединецот.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ креира национална образовна стратегија креирана со општ консензус.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се грижи за сите вработени во образованието и ги покачи платите за 12 проценти.

Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.

Вработените во образованието ќе добијат од 46 до 60 проценти повисоки плати во еден мандат.

Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46% до 60 проценти поголеми примања во следните четири години ќе добијат вработените во основното и средно образование.

Октомвриската плата исплатена минатата година беше повисока за пет проценти, потоа со мартовската плата 2025-та, која беше исплатена во април 2025-та седум проценти дополнително зголемување, а од март 2026-та ќе има дополнително покачување меѓу 7,5 и 10 проценти во зависност од состојбата на буџетот, март 2027-ма повторно помеѓу 7,5 и 10 проценти и март 2028-ма помеѓу 10 и 12,5 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатно подобрување на образовната структура.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со активни политики работи на задржување на младите и реализирање на нивниот потенцијал во Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

 Базиликата Свети Петар во Ватикан изутрината повторно е отворена по кратко затворање во текот на ноќта, за вториот ден од поклонението пред папата Франциск. 

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

Од 11 часот вчера до 11 часот денеска повеќе од 50.000 луѓе се собраа во базиликата Свети Петар за да се простат од починатиот папа, соопшти прес-службата на Ватикан.

Поради огромната редица луѓе кои чекаат, базиликата, која првично требаше да се затвори на полноќ, остана отворена до 5:30 часот утрината, пред повторно да ги отвори вратите во 7 часот.

Телото на 88-годишниот Френсис, кој почина во понеделникот во неговата резиденција Санта Марта по мозочен удар, вчера беше пренесено во базиликата Свети Петар во погребна поворка.

Над 170 делегации, вклучително и шефови на држави и влади, се очекува да пристигнат од целиот свет на погребот в сабота. Церемонијата ќе се емитува и на телевизија ширум светот.

„Едно поглавје во историјата на црквата е затворено“, изјави Герхард Лудвиг Милер, германски кардинал познат како конзервативец кој ќе биде еден од учесниците на конклавата на која ќе се избере 267. поглавар на Римокатоличката црква, во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

Видео: Барак Обама и Мишел видени во ресторан

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел за прв пат се видени заедно по неколкумесечните гласини за нивниот развод. 

Видео: Барак Обама и Мишел видени во ресторан

Брачниот пар Обамане е виден во јавноста од декември 2024 година, што поттикна шпекулации за можни брачни проблеми.

Но, сега на социјалните медиуми се појави видео кое може да им става крај на сите шпекулации дека Мишел и Барак Обама се разведуваат.

@brianwimmer

I love the nation’s capital omfg

♬ BO$$ - Fifth Harmony

Инаку, досега Барак постојано присуствуваше на важни настани без Мишел. Сепак, Мишел неодамна изјави дека свесно се повлекла од очите на јавноста, сакајќи да одвои време за себе по долги години живеење во центарот на вниманието.

- Луѓето тешко прифаќаат дека возрасна жена одлучува сама - нагласи Мишел. Таа додаде дека решила да направи чекор назад за да си постави важни животни прашања.

-Сега се прашувам што навистина сакам секој ден. Со кого сакам да поминувам време, дали сакам да патувам. Учам како да кажам „да“ на работи кои ме прават среќна – изјави таа.

Донација на Sport Life за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје

Денеска, беше претставен  комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари.

Донација на Sport Life за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје

Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. Оваа година, Спорт Лаиф обезбеди дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата беа обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерење на гликемија.

„Со оваа интервенција, капацитетот на одделот за постоперативна нега на пациентите, на површина од скоро 400 м2 е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од одделот за висцерална и абдоминална хирургија. Опремените простории со нов и модерен медицински мебел и опрема, ќе овозможат подобрени болнички услови за нивна нега и лекување. Нашата клиника е меѓу институциите со долг историјат и традиција и проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди се добредојдени и во иднина. Во име на целиот персонал, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании“ - изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

притисни ентер