ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Уставен суд за пасошите и возачките дозволи - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Уставен суд за пасошите и возачките дозволи

ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја поднесе најавената претставка до Уставниот суд за проценка на уставноста на два члена од законот, кој ги обврзуваат согласно Преспанскиот договор да ги променат пасошите, но и возачките дозволи.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Уставен суд за пасошите и возачките дозволи

ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја поднесе најавената претставка до Уставниот суд за проценка на уставноста на два члена од законот, кој ги обврзуваат согласно Преспанскиот договор да ги променат пасошите, но и возачките дозволи кои во државава, како што потенцираше и премиерот ќе можат да се користат и после рокот. Како што вели портпаролот на партијата – Стоилковски, целта на преставката е да се намали метежот пред пунктовите, невозможноста да се изработат документите до 12ти наредниот месец, но и да се избегнат дополнителни компликации како билатерални комуникации..

Со прифаќање на предлогот за времена мерка, до носење на конечна одлука би престанало да важи 12ти февруари како краен рок за важење и на пасошите и на возачките дозволи наведено токму во оспорените членови. Со одлуката на Уставен суд за времена мерка на овие два члена, односно за ограничување на рокот за важење на документи ќе се избегне дополнително компликување и товар врз собранието или пак непотребни билатерални комуникации со други држави

Пратеникот од Демократскиот сојуз – Павле Трајанов пак вината ја гледа кај Власта која имала 5 години да ги спроведе обврските по ова прашање кои произлегуваат од преспанскиот договор, а кога веќе не се спровеле, прашува зошто не се искористила законската можност преку разговори со Грција да се пролонгира рокот.

-Ова досега требаше да се промени, требаше досега да се отвори расправа и да се направат обиди со грчката страна, дека Македонија нема ниту технички можности, ниту кадровски потенцијал оваа огромна операција да ја заврши до 12ти февруари и да бараат пролонгирање. Има законска можност да се бара преку разговори да се пролонгира тој рок.- Павле Трајанов – Пратеник.

Дека со пролонгирање на рокот за пасошите би се променила и сликата пред пунктовите велат и граѓаните кои и денеска беа натуткани во редиците чекајќи да се фотографираат. Некои од нив револтирани, други пак дошле од странство, трети пак после три недели успеале да завршат работа.

Инаку, расположение за прологнирање на рокот за пасошите искажаа и од власта кои посочија дека ќе ги разгледаат можностите за таа опција. Дополнително посочија дека личните карти и возачките ќе важат и по 12ти февруари, бидејќи се за домашна употреба.

Досега според статистиките изготвени се околу 1,170,000 пасоши, а според проценките, има 2,5 милиони жители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.

За ова владата нема ништо нема соопштено.

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието.

Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја.

Поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство.

А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја.

Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини?

Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?

Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит.

Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите?

Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри?

Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Уште еден, шести по ред  смртен случај од западно-нилска треска во Македонија, соопштија денеска здравствените власти. 

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Во Ресен е пронајден угинат гавран кај кого надлежните детектирале западнонилска треска.

Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Нема место за шеријат во САД“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да го забрани шеријатскиот закон во Соединетите Американски Држави и додаде дека „нема место за шеријат во САД“.

Трамп: „Нема место за шеријат во САД“

„Што се однесува до шеријатот, категорично би рекол дека шеријатот нема место во оваа земја. Нема шеријат“, рече Трамп за време на интервју со конзервативниот ТВ водител Глен Блек.

Американскиот претседател рече дека има места каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги Лондон и Париз како примери.

„Како што знаете, одите во Лондон, одите во Париз, тоа е речиси како поинаков начин на живот. Смешно е“, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека шеријатот е присутен до одреден степен во Соединетите Американски Држави.

„Каде што го гледаме, го отстрануваме. Мора да се отстрани“, рече Трамп, додавајќи дека правниот систем во САД е „најдобар и покрај неговите несовршености“.

Доналд Трамп даде слични забелешки за Лондон минатата година, напаѓајќи го градоначалникот на британскиот главен град, Садик Кан, за време на неговиот говор пред Генералното собрание на ОН. „Го гледам Лондон, каде што имате ужасен градоначалник, навистина ужасен градоначалник. Сè се промени толку многу. Сега сакаат да воведат шеријатски закон“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер