ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност.

ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт.

Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДС и Венко Филипче се свртија на нивната добро позната тактика, да одработуваат за туѓи интереси, да ја кодошат државата и од опозиција да ветуваат отстапки во надеж дека некој ќе ги донесе на власт.

Немајќи што да им понудат на граѓаните и сакајќи да се додворат, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Радев, во секој негов настап е дециден дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања.

Исто така, Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед туку дека барањата за промена на уставот се европски, кога и претставници на земји членки на ЕУ велат дека не треба евроинтеграцијата да се билатерализира.

Само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции.

Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат.

Тоа што Заев го започна, Филипче без никаков проблем сака да го заврши, само и само да дојде до фотелја.

Со ваквите антидржавни политики, СДС, Заев и Филипче само му носат штета и ја блокираат државата, а од друга страна партијата ја водат кон исчезнување.

СДС и Филипче да ја остават сервилноста и одработувањето за туѓи интереси. Со предавства и антидржавна политика не се доаѓа на власт, на власт се доаѓа со гласот на граѓаните и победа на избори.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер