ВМРО-ДПМНЕ: Пет години неспособност, 5 години неработа на власта на СДСМ и ДУИ

Пет години неспособност, 5 години неработа на власта на СДСМ и ДУИ, 5 години ниту една изградена градинка, се наведува во партиското соопштение..

Над 2.400 дечиња чекаат да бидат згрижени во неколку скопски општини, бидејќи изминатите години нема изградено ниту една нова градинка во Скопје.

Ниту нова градинка, ниту оспособен објект за да се намали бројот на дечиња кои чекаат прием.

Родителите мака мачат за да ги сместат своите деца во овие воспитно-образовни институции од пред школска возраст.

Негрижата на оваа неспособна власт се гледа и во тоа што со месеци не дозволуваат согласности кои се побарани од градинките во скопските општини. Скоро за 90 негователки и персонал во градинките кои треба да се грижат за децата не се одобруваат во Аеродром, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Градоначалниците од скопските општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, иако со опструкции од страна на МТСП и министерката Тренчевска околу согласностите за изградба на градинки, активно работат за решавање на овој реален проблем наталожен од неспособноста на МТСП и претходните градоначалници.

Во општина Кисела Вода во населбата Усје во тек е приспособување на објект за згрижување на деца од претшколска возраст. Во Аеродром за неколку месеци ќе биде готова новата градинка, додека во Ѓорче Петров се доградува градинката во Волково.

Одговорноста за овој голем проблем е единствено на СДСМ и МТСП кои што со години не инвестираа во капацитети за сместување на дечињата од претшколска возраст.

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

притисни ентер