ВМРО-ДПМНЕ организира свеченост по повод 34 години од формирањето

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ во театарoт „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес со почеток во 13 часот. 

На настанот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на влада Христијан Мицкоски.

Извршниот и Центраниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги потврдија кадрите од коалицијата „Твоја Македонија“ во новата влада за која мандатарот Мицкоски најави гласање во текот на претстојниот викенд.

Eкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода

Екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што велат, за ова добиле пријава на телефонот 112 во 11:22 часот.

-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје, посочуваат од ЦУК.

Писмото за атомската бомба на Ајнштајн до Рузвелт оди на наддавање

Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомската бомба, ќе биде понудено на продажба.

Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомската бомба, ќе биде понудено на продажба во аукциската куќа „Кристи'с“ во септември. Првичната цена е четири милиони долари.

Во писмото што Ајнштајн го напишал заедно со неговиот колега Лео Силард, се вели дека германската Нацистичка влада активно ги поддржува нуклеарните истражувања и дека може да произведе „екстремно моќни бомби“, како оние што ги користеа САД во Јапонија на крајот на Втората светска војна, објави „Гардијан“.

Тој ја повикува Американската влада да ги преземе истите чекори, а Рузвелт одговорил со формирање комитет од каде што произлезе „Проектот Менхетн“, предводен од Роберт Опенхајмер, којшто ги произведе бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки.

Милан сака да го позајми Лукаку од Челзи

 Милан е заинтересиран да го позајми напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, објави инсајдерот Џанлука Ди Марцио.

Претставници на „Росонерите“ биле во контакт со лондонскиот клуб и опкружувањето на 31-годишниот Белгиец.

Клубот од Милано се обидува да дознае под кои услови е можен трансферот.

Минатата сезона, Лукаку играше за Рома како позајмен, одигра 47 натпревари за Римјаните во сите натпреварувања, постигна 21 гол и направи четири асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на напаѓачот на 30 милиони евра.

притисни ентер