3Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
Забава„Вог“: Топ-10 најубави плажи во Европа за 2024 годинаСписанието „Вог“ објави топ-листа најдобри плажи во Европа, оценети како „некои од најспектакуларните плажи на планетата“, како што вели воведот.Најубавите 10 плажи се: „Торе Сант'Андреа“ во Италија; „Праја Дона Ана“, Португалија; „Рејнисфјара“, Исланд; Плажата „Капуташ“ во Турција; „Поинте де л'Аигиљ“, Франција; „Платја де са Боадела“, Шпанија; Националниот парк „Тиј“ во Данска; „Циградо“, Грција; Плажата „Лускентајр“ vo Шкотска и „Плажата во заливот Гајн Туфиха“ на Малта. Како што пренесува хрватски „Индекс“, меѓу топ-50 листата најубави плажи се наоѓа уште една блиску до нас: Хрватската „Пасјача“ којашто пред пред извесно време е прогласена за најдобра европска плажа на порталот „Јуропиан бест дестинејшнс“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Шоу бизФото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“. Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана. Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано. За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека. Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакумАмериканските сили денеска се повлекоа од преостанатите свои бази во Ирак, предизвикувајќи стравувања дека зад себе оставаат безбедносен вакуум што би можел да ги зајакне проиранските милиции и да доведе до прегрупирање на Исламската држава.Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи. Повлекувањето се случува 23 години откако американските сили го соборија од власта Садам Хусеин, што предизвика бунт и хаос во државата во која подоцна се појави џихадистичката организација Исламска држава. Иако ирачаните се задоволни од заминувањето на американските војници, постојат стравувања дека безбедносните сили што ги финансираа и обучуваа САД, не се во состојба да ја заштитат земјата во која за изминатите 20 години загинаа повеќе од 4.500 Американци. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 година и практично ја окупираа земјата, поставија шиитска влада и се бореа против лојалистите на Садам, а потоа и против Ал Каеда, пред да се повлечат кон крајот на 2011 година. Тие се вратија три години подоцна за да им помогнат на ирачките сили да ја поразат сунитската исламска држава во војната од 2014 до 2017 година. Во операцијата „ирачка слобода“ загинаа двојно повеќе американци отколку во војната во Авганистан, од каде исто така американската војска се повлече во 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС ДубровоПо речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво конечно впишана во државна сопственостПо речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со тоа се создаваат услови за сигурно одржување, модернизација и натамошен развој на една од клучните точки на преносната мрежа. Министерството за енергетика и минерални суровини, во соработка со АД МЕПСО и надлежните институции, започна системско решавање на долгогодишните имотно-правни прашања поврзани со електроенергетските објекти, кои со години претставуваа пречка за целосно уредување на сопственоста и реализација на нови инвестиции. ТС Дуброво е конкретен пример дека кога институциите работат координирано, проблеми што со децении биле нерешени можат конечно да се затворат. По одлуката на Владата и носењето на решението за формирање Работна група за регулирање на имотно-правниот статус на 110 kV трафостаниците помеѓу АД МЕПСО и ЕВН АД. Врз основа на донесените одлуки, извршено е запишување на правото на сопственост над објектите на ТС Дуброво во корист на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со ова, трафостаницата изградена во 1977 година, по речиси 50 години, за првпат се евидентира со уреден сопственички статус во корист на МЕПСО. Ова не е само административно уредување на документација. Уредената сопственост е основа за планирање и реализација на идни инвестиции, реконструкции и модернизација на преносната мрежа, особено на инфраструктурата која има стратешко значење за сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем. Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и ставањето на МЕПСО под надлежност на Министерството, воспоставен е нов модел на директна и редовна институционална координација со клучните субјекти во енергетскиот сектор. По иницијатива на министерката Сања Божиновска, се воспоставија редовни координации со МЕПСО и другите институции и компании од секторот, со јасна цел – проблемите што со години стоеле отворени да се стават на маса и заеднички да се забрза нивното решавање. Овој пристап значи промена од институционално постапување „секој во својот дел“ кон координирана работа околу конкретни проблеми и конкретни резултати – од уредување на имотно-правниот статус на електроенергетската инфраструктура, до реализација на капитални проекти, модернизација на преносната мрежа и зајакнување на сигурноста на електроенергетскиот систем. Се решаваат и други децениски имотно-правни прашања Во рамки на работата на групата се изработуваат геодетски елаборати со цел уредување и запишување на правата на недвижностите каде што тие досега не биле соодветно евидентирани. Паралелно, се преземаат активности за уредување на имотно-правниот статус на ТС 110/20 kV Бунарџик, каде што е во тек подготовка на договор за отстапување без надоместок на ½ идеален дел од недвижниот имот на име на АД МЕПСО. Уредувањето на овој имот ќе овозможи создавање на услови за реализација на новиот 110 kV далекувод ТС Бунарџик – ТС Миладиновци, значаен за стабилно и непрекинато снабдување со електрична енергија на железничката инфраструктура во Македонија. Министерството продолжува со системско расчистување на имотно-правните прашања на електроенергетската инфраструктура, со јасна цел: она што со децении било нерешено да се уреди, за да може државата да инвестира, модернизира и да ја зајакнува преносната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook