ВМРО-ДПМНЕ: Ново задолжување за непродуктивни трошења

Зоран Заев и неговите министри одговорни за финансии целосно ја руинираа македонската економија и ја клекнаа на колена.

Македонските граѓани никогаш не биле посиромашни. Повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се борат за парче леб, а денот го минуваат со еден оброк.

Првата аукција на државни записи за 2020 година е во износ од високи 500 милиони денари. Ова значи ново зголемување на јавниот долг, а трагедијата да биде поголема и ова ново задолжување е за непродуктивни трошења.

Вчера власта ги задолжи граѓаните за трошења кои нема да го подобрат квалитетот на живот, кои нема да ја подобрат економијата.

Годината која Заев ја прогласи за економска, бизнис заедницата ја прогласи за најлоша во историјата на независна Македонија. Компаниите имаа проблеми со ликвидноста, а се намалија и средствата кои бизнис секторот ги плаќа преку даноците. Капиталните инвестиции се на рекордно ниско ниво, а оваа власт во заминување и понатаму продолжува да ја задолжува државата.

Нема изградба на нови болници, училишта, спортски сали. Нема изградба на нови инфраструктурни проекти. Парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови завршија во џебовите на партиски и државни функционери на СДСМ.

Доаѓа крајот на оваа криминално-рекетарска банда, сите оние кои беа заборавени од власта овие 3 години ќе го казнат Зоран Заев на 12 април. Граѓаните ќе изберат просперитна и успешна Република Македонија, граѓаните ќе ја изберат обновата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер