Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Николовски да одговори за злоупотребата на службено возилоПродолжува низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ. После скандалот со злоупотребата на службеното возило на министерство за внатрешни работи од страна на ќерката на Директорот на БЈБ, Лазе Велковски за патување на одмор во Грција, и после користењето за приватни цели во Охрид на службеното возило од страна на шефот на единицата Алфи, Примислав Димовски, вчера македонската јавност беше сведок и на уште една злоупотреба на службени возила. Имено се работи за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, поточно на 9.07.2018 управувано од лицето Н.Б. од Виница направило сообраќајна незгода и целосно го уништил возилото.Министерот Николовски треба да и одговори на јавноста на неколку прашања:Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од министерството?Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништил? Кој дозволил ова лице да управува службено возило?Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време? Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено?Зошто министерството и МВР молчеле цел еден месец?Збеснатоста на владата ја плаќаат граѓаните. Министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај. Ова криминално лудило на оваа власт мора да престане. Овој скандал како и сите претходни за злоуптреба на службени возила на штета на граѓаните не смеат да помина неказнето. Сите прекршувања на законот, сите злоуптреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Оваа криминална влада мора да замине, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени Кукли“Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат.Кратовчанката која наплаќаше влез во Камени Куклици заврши во притвор. 41-годишната Стојна Димитровска, според обвинителството, подолг период бесправно го узурпирала заштитениот локалитет „Куклица“, без правен основ им наплаќала влезници на посетителите, влегувала во расправии и им упатувала закани. И покрај претходно изречената забрана да го посетува локалитетот, таа продолжила со истото однесување, а при последниот инцидент физички нападнала и полициски службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат, а заедно со нејзиниот сопруг и претходно биле инволвирани и во спречување пазарни инспектори при вршење службени дејствија. -При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка. – соопштија од Обвинителството Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат. Според нив, на дел од туристите им биле наплаќани по 10 евра од лице, а при претходни посети и до 20 евра, со објаснување дека локалитетот „Камени кукли“ е приватна сопственост. Проблемот со узурпацијата на заштитеното природно подрачје, според надлежните, се провлекувал долг временски период. Од Општина Кратово посочија дека за случајот алармирале уште во 2015 година, а во 2024 година биле поднесени и кривични пријавиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаВодата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувањаНе запираат меѓупартиските обвинувања за тоа кој е виновен за загадената вода во Гостивар и колку често проблемите се повторувале во минатото. Од СДСМ ја лоцираат одговорноста кај премиерот и министерот за здравство, и повторно го повикаа обвинителството да отвори истрага. Велат дека тие имаат различни препораки до граѓаните за употреба на водата, иако се утврдило дека таа содржи опасна бактерија и треба да е целосно забранета. -Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: Христијан Мицкоски, Сашо Клековски, Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. - Елена Радеска - СДСМ СДСМ се обидува политички да профитира од состојбата во Гостивар, а кога беа на власт не ги решавале ваквите проблеми – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партиската говорница повторно покажаа документи со кои тврдат дека во 2022, 2023 и 2024 година имало неколку случаи со потврдена небезбедна вода за пиење токму во Гостивар, а воопшто немало забрана за употреба на истата. -Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места. - Валентин Манасиевски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ За епидемијата во Гостивар која е прогласена официјално од 19 јули, градоначалникот кој доаѓа од партијата на Таравари Валбон Лимани кажа дека не чувствува лична одговорност. Засега во 30 дневен притвор се Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, раководителите од Јавното претпријатие „Комуналец“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во ГостиварДодека трае топлотниот бран, во Гостивар се уште нема питка вода. Во Центарот за управување со кризи во моментов во тек е седница на главниот штаб посветена на состојбата со водата, таму е Маја Стојановска. Дали наскоро гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08