ВМРО-ДПМНЕ: Нема пари во државата за пензии!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ една од своите прес конференции ја посвети на критики на владините политики за пензиите и пензискиот фонд.

Оттаму наведуваат дека фондот бил празен и дека можело да се покачи старосната граница за пензионирање на 67 години!

Криминогената хунта за да има повеќе пари за министри, крати од пензиите. Криминогената хунта за новите институции и администрацијата за двојазичност, зема пари од пензионерите! Штом на Зоран Заев и на криминогената хунта им дојде до пензиите, јасна е сликата за економијата, за растот, за „ЌЕ" на Тевдовски, за инвестицискиот бум, за реализација на капиталните инвестиции.

Мила Царовска, јасно и гласно вели – или ќе ги замрзнеме пензиите или ќе работите до 67 години! Во превод нема пари во државата за пензии! Тоа се реформите препознатливи за СДСМ. Две години предупредуваме дека економијата пропаѓа, дека има само задолжувања, дека државата ќе дојде до степен да нема пари за пензии. Две години лажеа дека согласно со изборната програма нема да има кратење на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање, туку дека ќе има можност за предвремено пензионирање до максимум пет години.

Две години со криминогената хунта нема пари, нема зголемување на пензиите, а сега и директно ќе земаат од пензионерите. Со законските измени се крати процентот за раст на пензиите кој што го следи растот на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република Македонија.

Ете тоа се лагите на СДСМ, тоа се реформите на Зоран Заев и криминогената хунта! Тоа е следствено на зголемувањето на даноците, на ударот врз пазарџиите, на поскапувањето на за нив поевтиниот леб. Тоа е воспоставената практика на СДСМ, наместо реална економија, да кратат од народот. Ова продолжеток за оние кои што заборавија на кратењето од СДСМ на 8% на пензионерите.

Криминогената хунта во владата не пропушта да си ги качи платите на министрите, не пропушта да дозволи поголеми плати на административците кои одработуваат за нив, не пропуштаат тендери и државни фондови, ама за пензионерите пари нема! Е па така е тоа кога се нема чувство дека немаат сите станови за издавање за 5..000 евра, немаат сите компании за продавање на грчки компании, немаат сите бишкарник – менувачници!

Криминогената хунта на Зоран Заев гази по достоинството на државата, удри по ранливите категории, ги девастираше сите општествени сфери, тендерски навлезе во сите пори на економијата, стимулирајќи сива економија!

Над 300 илјади пензионери се жртви на лагите на црнилата, над 300 илјади семејства од ранливата категорија зависни од пензиите се жртви на нехуманоста и изместените вредности на криминогената хунта.

Почитувани, ќе паднат. Ќе паднат многу скоро, а падот ќе биде многу болен за нив. А, потоа, потоа заедно ќе го вратиме достоинството во Република Македонија!

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер