ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија потребен и е претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија потребен и е претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени

На денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија потребен и е претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени

На денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена ,,Важно е! Лидерство што носи промени" свое обраќање имаше Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.

„Во однос на карактеристики и принципи кои треба да ја дефинираат идеалната слика на претседател на државата за ефективно да се заштитат стратешките интереси најпрво треба да се запрашаме што значи да си претседател која е идеалната слика за претседател и кои се стратешките интереси на Македонија. Кога размислуваме за тоа каква е идеалната слика размислуваме и кои се тие вредности кои што пред се треба една личност да ги исполнува за да биде претседател на државата. Во овие изминати пет години ние имавме претседател чија што функција можеме да кажеме дека беше чисто протоколарна. Тој беше таму за да биде само таму или можеме да кажеме дека имавме претседател на државата бидејќи само преку устав беше предвидено одредена личност да биде носител на таа функција. Бевме сведоци дека станува збор на човек кој што имаме целосно отсуство и на интегритет и на било какви вистински вредности. Ова го велам затоа што нашето ткиво нашата држава нашите институции буквално се распаѓаат. Во раководството на државата моментално го имаме Пендаровски и од друга страна двоецот СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети тоа не се луѓе кои што ги имаат вредностите кои што сите ние и нашите граѓани ги посакуваме. Го немаат интегритетот и лидерството за да ја водат државата. Се што е антипод на ова што досега го кажав е идеалната слика за претседател на државата“ нагласи Јанушев.

Јанушев посочи дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.

„Нам ни треба личност, претседател кој што поседува интегритет и вистинска посветеност да работи на благосостојбата на сите граѓани во Македонија. Потребен ни е лидер, потребен ни е човек со харизма кој што ќе работи на општото добро и кој што ќе работи на тоа да ја сузбиеме поделеноста во државата. Нам ни треба претседател на народот а не претседател на елитите. Нас ни треба претседател кој што ќе се бори за општото добро, претседател кој што ќе има храброст да носи тешки одлики да биде претседател борец за правда и одговорност подеднакво за сите. Претседател кој бескомпромисно ќе ја штити посебноста на Македонија и македонците насекаде низ светот. Ни треба претседател кој што ќе работи на исполнување на стратешките интереси на државата. Тоа значи дека ќе ги превземе сите потребни чекори, сите потребни активности за целосна интеграција во интегративниот процес на пристап кон ЕУ но притоа да ја штити посебноста и уникатноста на македонскиот народ и држава. Идеалната слика не е само да имаме претседател кој што ќе биде политичка фигура туку претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите“ истакна Јанушев.

На панел дискусијата се обрати и пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска. Таа посочи дека традицијата од владеењето на Стево Пендаровски никако не смее да е продолжена од идниот претседател на Република Македонија.

„Традиција значи и да се наследи нешто што било добро. Во конкретниов случај бидејќи зборуваме за денешната конвенција на која треба да го избереме нашиот кандидат за иден претседател на Република Македонија јас сметам дека кандидатот единствено што треба да направи е да не ги продолжи традициите односно практиките на актуелниот претседател на Република Македонија бидејќи за жал изминатите 5 години сметам дека Македонија имаше претседател мумија, претседател кој воопшто не реагираше кога на народот тоа му беше потребно“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска на денешната панел дискусија „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси“.

Таа продолжи и додаде дека владеењето на Стево Пендаровски треба да е запаметено по пет годишно лошо владеење со државата.

„Имавме претседател кој ветуваше дека поедини законски решенија кои прошле низ парламентот нема да ги потпише, претседател кој се огради од тоа дека Гоце Делчев е Македонец, претседател кој велеше дека поим немал од содржината на францускиот протокол за да после многу кус период сведочи дека учествувал во неговото креирање. Затоа велам дека традицијата на владеењето на Стево Пендаровски со оваа држава никако не смее да се продолжи. Едноставно треба да биде запаметена како пет годишно лошо владеење со државата која никако не смее да стане наша традиција и пракса на идниот претседател на Република Македонија“, кажа Стојаноска.

Таа продолжи и додаде дека во традицијата на Стево Пендаровски имало апсења на уставобранители и предавства.

„Традицијата на владеењето на Стево Пендаровски како претседател на Република Македонија треба само да ја запаметиме како лошо владеење и ништо повеќе бидејќи нивната традиција значеше да ги продолжат апсењата на уставобранители, членови на семејството Ченто да бидат во денешно време во затвор, да се случуваат предавства на сопствениот народ, затворања на македонски фирми и гиганти. Затоа сето тоа не смееме да го повториме“, кажа Стојаноска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Со засадување на околу 600 дрвца од различни видови, Општина Илинден продолжува да ја гради својата зелена иднина.

Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Со засадување на околу 600 дрвца од различни видови, Општина Илинден продолжува да ја гради својата зелена иднина, посветено вложувајќи во обновување и збогатување на зелените површини, зачувување на природата и создавање поздрава животна средина за сите граѓани.

Акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ се одржа во населеното место Мршевци, во училишните дворови и на други јавни површини низ општината, меѓу кои и во новоизградениот парк во н.м Дељадровци.

Обединети околу заедничката цел за почиста и позелена општина, во акцијата се вклучија општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија и општинската администрација. Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека секое новозасадено дрво претставува вложување во природата, здравјето на граѓаните и иднината на генерациите што доаѓаат.

Градоначалникот упати благодарност до општествено одговорните компании Дени Интернационал, МАН, Пекабеско и ТАВ, кои преку донацијата на садници дадоа значаен придонес во реализацијата на оваа зелена иницијатива.

Со континуирано пошумување, уредување на јавните зелени површини и развивање на еколошката свест, Општина Илинден останува посветена на создавањето одржлива, зелена и здрава животна средина. Секое засадено дрво денес е придонес за поздраво и позелено утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Свадба за паметење: 400.000 гости, 200 коњи и подароци од злато

Индискиот политичар Анант Синг ја организираше венчавката на својата ќерка Шиванги, која по обем ги надмина дури и најраскошните вакви прослави во светот. 

Видео: Свадба за паметење: 400.000 гости, 200 коњи и подароци од злато

Во неговото родно село Надаван, во индиската држава Бихар, според извештаите се собрале дури 400.000 луѓе, поради што настанот привлече огромно внимание на јавноста.

На прославата беа поканети локални жители, политички соработници и бројни угледни гости, а организацијата бараше учество на голем број луѓе.

Според медиумите, цената на прославата достигнала околу 6,5 милиони фунти. За гостите биле подготвени околу 500.000 традиционални слатки, додека вегетаријанската гозба ја подготвија дури 500 готвачи.

Спектаклот вклучувал коњска трка во која требаше да учествуваат 200 коњи, но овој дел од програмата бил одложен бидејќи околу 100.000 луѓе се собраа да го следат настанот.

Огромната посетеност предизвика целосен хаос на патиштата кои водат до местото на свадбата. Редиците од автомобили ги блокираа патиштата, а некои гости мораа да најдат алтернативни начини да дојдат до забавата.

Еден политичар, кој не можел да се пробие низ толпата, го напуштил автомобилот и го продолжил патувањето до својата дестинација со трактор, преку земјоделско земјиште. Ниту домаќинот не остана без непријатности.

Додека Анант Синг со автомобил се приближувал до местото на настанот, насобраните гости му го блокирале преминот. На видеата кои се појавија во јавноста се гледа дека неколку од нив оттурнал со нога за да го расчисти патот.

YouTube video

Неговата ќерка Шиванги се омажи за Ришикеш Кумар, син на индиски воен командант. Дури и нивните свадбените подароци очекувано биле раскошни. Според медиумските извештаи, младоженецот добил бел „Ленд Ровер Дефендер“, златен ланец тежок 100 грама и нараквица од 80 грама злато.

Невестата пристигна на церемонијата во луксузно БМВ, додека младоженецот пристигна во конвој од околу 200 автомобили. Интересно е што Анант Синг, кој е избран за пратеник во парламентот шест пати, самиот е контроверзна политичка фигура.

Против него се водат бројни кривични случаи, а меѓу обвиненијата претходно поврзани со неговото име е и убиство. Ова се сериозни обвиненија што треба да се разликуваат од конечна пресуда.

Според податоците од извештајот за индиската свадбена индустрија, во оваа земја годишно се одржуваат повеќе од 10 милиони свадбени церемонии, а пазарот поврзан со нив се проценува на 40 до 50 милијарди долари.

Сепак, прославата на семејството Синг беше особено значајна по неверојатниот број гости. За споредба, Гинисовиот рекорд за најголем број луѓе што присуствуваа на свадба беше 150.000, поставен во Индија во 1995 година. Доколку се потврди проценката од 400.000 гости, оваа прослава би можела да ја надмине.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професија

Што се случува кога бедата ќе добие деловен модел, просењето ќе стане организирана дејност, а криминалот ќе се претстави како закон?

„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професија

Кога туѓата несреќа станува извор на профит, а преживувањето - стока што некој ја контролира, сиромаштијата престанува да биде само последица на неправдата. Таа станува бизнис, а моќта - неговиот најсигурен заштитник.

Во „Мекита од Просјачка опера“, оваа сурова слика се отвора низ сатиричен и гротескен театарски свет, во кој хуморот не ја ублажува неправдата, туку ја разголува. Комедијата станува остроумно оружје: низ иронија, апсурд и смеа, претставата го разобличува системот.

Каде завршува подземјето, а каде почнува општеството, она што го создава, одржува и го штити? Во тој свет, Брехтовото прашање - „Кој е поголем криминалец: оној што ја ограбува банката или оној што ја основа?“ - не звучи како провокација од минатото, туку како непријатно актуелна дијагноза на сегашноста.

Со Мекита од Просјачка опера“, Театар Комедија отвора сценски простор во кој Брехтовата „Просјачка опера“ добива нова драматуршка и изведувачка форма. Во режија на Наташа Поплавска, претставата ја испитува можноста за современ сценски јазик низ принципите на тоталниот театар, во кој актерот, музиката, видеото, движењето и звукот не се само средства за раскажување, туку рамноправни носители на драмското значење.

Необичниот сценски влез започнува со актерката и со самата актерска професија - нејзината несигурност, постојаната преобразба и потребата од опстанок во светот во кој и уметноста мора да се избори за своето место. Од таа автоиронична исповед се отвора вратата кон Брехтовиот свет. Матеа Јанковска, преземајќи седум идентитети, го претвора сопственото тело, глас и сценско присуство во простор на постојани трансформации. Но, зад секој лик останува видлива актерката - не како скриена основа, туку како свесна сила што ја создава и ја разградува илузијата. Трансформацијата не е само средство за раскажување; таа станува дел од значењето. Пред гледачот не се менуваат само ликовите, туку и самата граница меѓу оној што ја игра улогата и оној што ја гледа.

Кабаретската иронија, сатирата, гротеската и современиот електронски звук го обликуваат ритамот на ова сценско истражување. Музичкиот свет на „Мекита од Просјачка опера“ добива современа електронска интерпретација преку дуото „Триангулум“ - Томи Анчов и Стефан Дамјаноски, а нотите на Курт Веил се провлекуваат како лајт мотив на претставата. Музиката не е само придружба на драмското дејствие, туку негов активен драматуршки соговорник, дел од сценскиот ритам и целокупниот театарски израз. Звукот не ја следи само сценската акција, туку го менува нејзиниот ритам и ја продлабочува напнатоста меѓу комичното и заканувачкото.

Во претставата уште една важна улога е доделена на видео мапингот и видео дизјанот кој е препознатлив дел од режисерските постапки на претставите на Поплавска. Овој пат Брехтовите пораки ќе бидат пренесени преку видео дизјан на дизјанерот Емил Петров, видеото ќе биде активен учесник во претствата, ќе се дообликува во живо во текот на претставата заедно со актерката и музиката која исто така се изведува во живо.

„Мекита од Просјачка опера“ е прва фаза од докторското истражување на Наташа Поплавска на тема „Тотален театар“ и Брехт како автор најблизок до тоталниот театар и она што денес би се нарекло, современ театар“. Истражувањето се одвива пред очите на публиката - не како теоретска теза што чека потврда, туку како сценска практика во која различните изразни средства се испреплетуваат, а односот меѓу сцената и гледалиштето постојано се преиспитува.

Хуморот овде не е прибежиште од стварноста, туку начин таа да се согледа поостро; зад комичното се откриваат механизмите на интересот, зад привидниот ред - злоупотребата, а зад општествената пристојност – добро организираната моќ.

Најсилното прашање што го отвора Брехтовиот свет не е само кој е криминалецот, туку кој има моќ да го именува така. А кога се менуваат лицата, формите и правилата, останува онаа иста нишка на која се нанижани сите времиња - моќта. Зашто, на крајот, не е законот тој што ѝ поставува граници на моќта, туку моќта е таа што одлучува каде завршува законот.

Во создавањето на овој сценски свет, текстот го напишаа Наташа Поплавска и Матеа Јанковска, а драматуршката супервизија е на Весна Куслеска. Во претставата се вклучени и други соработници како: Олга Панго - супервизор на сценски движења, Љубица Велкова - изведувач на костими и сцена, Анастасија Славковска вокална подготовка, истражувачката фаза ја надополнува Оливија Трјаковска, за односи со јавност одговорна е Катарина Илиоски, светлото мајстор е Виктор Лазаревски а одговорен на сцена е Никола Николовски.

Посебна благодарност, тимот на претставата изразува до:

Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска, Атанас Атанасовски, Драган Грбиќ и Огнен Шапковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер