ВМРО – ДПМНЕ: Мој ДДВ е уште едно фијаско во најава на оваа власт во заминување

Мој ДДВ е уште едно фијаско во најава на оваа власт во заминување која што ја доведе Македонија до раб на егзистенција, задолжена, со 0 оценка за  економски капацитет, без европска иднина, без 500 евра плата, без 100.000 за докторите. 

Со проектот Мој ДДВ ниту ќе има 30.000 за семејствата, ниту е изводливо освен за семејствата на Заев и семејствата на неговиот клан, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Вака изгледа проектот Мој ДДВ согласно потрошувачката кошничка:

На едно четиричлено семејство му се потребни 33.000 денари за да го мине месецот, согласно онаа минимална потрошувачка синдикална кошничка. Минималната плата во Македонија изнесува 12,500 денари, а просечната малку над 24.000 денари. Значи за минимално да се мине месецот потребни се една просечна и една минимална плата за четиричлено семејство!

Од тие пари, дури 42% одат за прехрана и пијалоци! Односно, ако ги земеме предвид овие 33.000 денари, околу 14.000 денари се трошат за јадење. Храната во Република Македонија е оданочена со 5% ДДВ. Значи, од нив неполни 700 денари се пари за ДДВ. 15% од нив се неполни 104 денари за поврат! Значи, сте потрошиле речиси половина плата од 33.000 денари или две плати во тој износ, за храна, за леб, за млеко, за да зготвите ручек, сте дале речиси половина и повратот изнесува 104 денари месечно!

Според истата кошничката, над 31% од парите одат за домување! Тоа се комуналните трошоци, струја, вода, чинат над 10.000 денари, кои што според власта НЕМА поврат на ДДВ за тие пари! Значи стапката каде после храната одат најмногу пари од семејниот буџет - власта нема да враќа пари! Така доаѓаме до 73% потрошени пари од платата од потребните минимални 33.000 денари, со месечен поврат од 104 денари!

Во услови кога народот не зема 33.000 плата, туку толкави се примањата во едно четири семејство отприлика, тоа не значи дека троши помалку, напротив за жал, толкави се основните трошоци за храна и за сметки!

Одиме понатаму, хигиена, трошоци за хигиена! Според кошничката за хигиена се трошат над 7% од платата, односно потребни се најмалку над 2.300 денари за хигиена. За најголемиот број од нив, даночната стапка повторно е 5%! Значи за ДДВ одат 115 денари, со можност за поврат од 17 денари!

Потрошувачката кошничка, онаа што се мери не предвидува автомобили, туку јавен превоз и за тоа се двојат 7% од парите што стигаат во семејствата, а ДДВ за тоа, за јавниот превоз е 5%, значи за поврат повторно имаме 17 денари!

За облека и за обувки, просечно четиричлено семејство месечно троши 6,5% од парите кои што стигнуваат дома, а ДДВ е 6%, значи ако потрошите за облека и обувки 2.160 денари колку што пресметале за оваа кошничка, УЈП може ви врати, 15% или 8 денари!

За култура 3,2% од семејниот буџет, од платата односно 1.000 денари, со даночната стапка од 3%, за што повратот изнесува 4,5 денари.

Синдикалната кошничка предвидува за одржување на здравје и за нив да потрошите 2% од платата, околу 700 денари за лекови, кои што повеќето се со 5% ДДВ, за што има 5 денари поврат на ДДВ.

Всушност со ваква плата колку што е пресметана потрошувачката кошничка од 33.000 денари, вам УЈП месечно би ви вратила околу 156 денари, или вкупно 1872 денари годишно з аповрат на ДДв од власта. Односно 30 евра за цела година собирање фискални!

И тоа, ако секогаш купувате онаму каде има фискални, не на пазар, или каде трговците ви нудат поголем попуст од повратот. Во случај и да можете да потрошите повеќе, Тевдовски се сетил и на тоа па ги ограничи парите на 1800 денари поврат за три месеци за едно лице.

Овој однапред пропаднат проект ваш ДДВ, Мој ДДВ, е само мачкање на очи, и е во полза на побогатите. Наместо него, власта треба да ги намали акцизите, да го врати рамниот данок и да се сврти кон реализација на вистинските капитални проекти. Вакви „модерни“ проекти за мобилни апликации се само дополни трошоци врз грбот на се посиромашните граѓани.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер