ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

Со распределбата на ваучерите направен милионски криминал.

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал.

Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.

Во предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на кој како што известија медиумите е поднесена пријавата и отпочната постапката се присутни сомневања дека спортските федерации, клубовите и спортистите добиваа ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Сега е повеќе од јасно зошти Каевски беше најжесток гласноговорник на СДС, повеќе од очигледно е дека интересот му бил голем.

По оваа афера станува јасно зошто спортот во Македонија во последните 7 години е на историско најниско ниво. Наместо за развој на спортот, парите наменети за истиот се пренасочувани во криминални шеми.

Време е да го вратиме спортот во рацете на спортистите. Време Македонија повторнo да биде твоја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Санофи и ОпенАИ ќе соработуваат за развој на лекови користејќи вештачка интелигенција

 Францускиот фармацевтски гигант Санофи (Sanofi) е подготвен да соработува со развивачот на технологија ОпенАИ (OpenAI) за да изгради софтвер за вештачка интелигенција за забрзан развој на лекови, јави ДПА.

Компаниите ќе соработуваат и со американската фармацевтска групација Формација Био за да ги проучат потенцијалните позитивни ефекти на вештачката интелигенција врз пациентите кои чекаат нови третмани.

Според договорот, компаниите ќе комбинираат податоци, софтвер и модели за да развијат приспособени, прилагодени иновативни решенија за развој на лекови.

Неодамна беше објавено и дека технолошкиот гигант „Епл“ („Apple“) е во завршна фаза на постигнување договор со ОпенАИ за вклучување на неговите функции во претстојниот мобилен оперативен систем - iOS 18. /МИА

ЗНМ со осуда на цензурата од директорката во Токсикологија, Бесија Иљази

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката, соопштуваат од ЗНМ.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

притисни ентер