ВМРО – ДПМНЕ : Мицкоски го потсети Заев на заборавените ветувања

Како што ги лажете Македонците, така ги лажете и Албанците му посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5 телевизија.

Во лагите на Заев се гледа причината за малиот број на поддржувачи на СДСМ во Арачиново при промовирањето на долгоочекуваната канализација во оваа општина.

До каде е реновирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, го запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на телевизискиот дуел на Канал 5.

-Не се секирајте гимназијата ќе биде изградена, тоа го рекоа и градоначалничката и министерот за кој сега велите дека не дал одобрение. Кој лаже господине Заев, вие или градоначалничката и министерот. Таа кажа дека средствата ќе има нема да се користи за кампања ќе се изгради гимназијата, посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев со лажни ветувања го нарушува соживотот во државата, се наведува во партиското соопштение.

Дел граѓаните имаат големи очекувања од новата претседателка Сиљановска - Давкова

Граѓаните, барем оние кои зборуваат пред камерата на Канал 5 кажаа дека имаат големи очекувања од новата претседателка.

Граѓаните, барем оние кои зборуваат пред камерата на Kанал 5 кажаа дека имаат големи очекувања од новата претседателка, а дали тие се оправдани или не покажело времето…

Гордана Сиљановска – Давкова и официјално е првата претседателка на Македонија

Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва во Собранието со што и официјално стана шестиот претседател на Македонија.

По заклетвата имаше и 15 минутен говор пред пратеници и вети дека ќе биде претседателка на сите граѓни и повика на обединување.

Од таму се упати во Вила- Водно каде на свечена церемонија досегашниот претседател Пендаровски ѝ посака успех во работата…

Со слика во живо одиме пред Вила Водно, таму Елизабета Дамјаноска – Спасеновска.

Кои се ингеренциите на претседателот на државата?

На денот кога Македонија доби нова претседателка, да се потсетиме на надлежносите кои ги има шефот на државата и во кој дел од политиката и развојот на општеството може највеќе да влијае….

Македонија добива за прв пат жена за претседател . Ингеренциите на шефот на дражавата се да ја претставува Македонија. Во овој случај и прв пат жена е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со мандат од пет години.

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

За претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати односно во два мандата. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот и мора да биде жител најмалку десет години во последните 15 години.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд по службена должност.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

притисни ентер