ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија тоне

Македонската економија тоне. Споредбено со лани директните странски инвестиции бележат пад од 164 проценти, односно 187 милиони евра помалку, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Странските директни инвестиции во третиот квартал од 2019 година изнесуваат очајни 62 милиони евра.

Приватниот сектор е пред колапс, криминалната банда на власт која најави економска година го клекна стопанстовото на колена. Годинава стопанството ќе оствари рекордно мал приход што дополнително е удар врз државната каса која ќе има намалени приходи по основ на даноци. Бизнис заедницата потврди дека Заев лаже, дека Македонија не блеска, а годинава е една од најлошите за бизнис секторот во самостојна Република Македонија.

Заев не го интересира државата, не го интересира економијата, не го интересира обичниот граѓанин кој едвај го минува месецот. Аболицираниот криминалец го интересира само како да го задржи пратеничкиот имунитет за да не одговара за сите злодела врз македонската држава и народ.

Соочен со сигурен пораз на 12 aприл, аболицираниот Заев бега од предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерите кои имаат намера да ја водат владата да имаат статус на кандидат - мандатар, при што тој што ќе изгуби ќе си замине од политиката и нема да се крие зад пратеничкиот имунитет.

Неговата политичка кариера е завршена, а правдата ќе чукне и на неговата врата. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на неодговорноста и неказнивоста на криминалната банда на чело со Заев. Граѓаните на 12 април ќе изберат да живеат во просперитетна и стабилна држава, а не во понижена и економски девасирана Македонија. На 12 април граѓаните ќе изберат обнова на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

- Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Фото: Фејсбук на ЗОО Скопје

притисни ентер