ВМРО-ДПМНЕ: Македонија доживува економски колапс

Најодговорните за катастрофалната економска состојба мора да си заминат и да ги препуштат местата на некој што нема да краде и да работи само во личен интерес, туку ќе знае како да и помогне на државата и граѓаните.

Црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски ја втурнаа во тешка економска криза Република Македониja.

Неспособната власт на СДСМ ја доведе државава до самото дно. Растот на БДП од 0.1% е уште доказ за немањето капацитет за справување со економските предизвици.

Додека земјите од регионот и Европа бележат значителен раст на нивните национални економии, Република Македонија доживува економски колапс.

Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст.

Не постои сектор што не е погоден од погубните политики на Евро Заев. Градежништвото кое е мотор на економијата и кое влече 20 - тина попратни гранки е во пад од 37%. Додека гранката на иднината секторот информации и телекомуникации бележи пад од 7%.

Катастрофалниот раст на БДП од 0.1% дополнително загрижува ако се знае дека инфлацијата изнесува 1.5% што значи дека граѓаните се дополнително посиромашни од минатата година. Продуктите се поскапи, а цените повисоки. Ценовниот притисок го чувствува секое семејство на оваа држава.

Картелот не го интересира ваквата ситуација. Никој до сега не понесе одоговорност за овие штетни политики. Животот дојде само да елитата на СДСМ. Додека граѓаните драматично осиромашуваат, милионерот Анѓушев и луѓето блиски до него безмислосно си ги полнат џебовите.

Овој криминален картел ја доведе економијата во Република Македонија во безнадежна состојба.

Додека граѓаните живеат во беда и сиромаштија, личните бизниси на криминалниот картел на СДСМ цветаат.

Оваа црна тројка е природна катастрофа за Република Македонија и затоа мора да се запре.

Евро Заев, Анѓушев и Тевдовски создаваат депресија и очај во економијата.

Овој криминален картел мора да замине час поскоро.

Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер