ВМРО-ДПМНЕ: Лажниот патриот Заев е потписник на договорот кој овозможи вето за Македонија

Зоран Заев делува како подвоена личност, тоа е впечаток кој од ден на ден станува се повидлив и појасен.

Заев е човекот кој зборуваше дека фашистичката окупација била администрација. Заев е човекот кој зборуваше дека сме биле ист народ со соседите („братски хора, с'шти народ“). Заев ги дозволи секојдневните понижувања на македонските граѓани во срамните изјави од соседството, без да каже ниту збор за нив. Заев е потписникот на договорот кој создаде нов проблем и кој го овозможи неправедното вето за Македонија.

Затоа, кога го гледаме како се обидува да глуми патриот, тоа изгледа многу очајно и бедно.

Лажниот патриот Заев десетици пати ги излажа македонските граѓани дека добил датум за почеток на преговори. Секој обид поразите на политиките на Заев да се прикажат како победи се проѕирни и не му поминуваат ниту во најтесното раководство на партијата, а камо ли меѓу граѓаните. Од ваквиот негов очаен и подвоен настап се гледа дека столицата сериозно му е разнишана.

Зоран Заев е виновникот за загубите во економијата, загубената европска иднина, загубите на човечки животи заради здравствениот хаос, загубите на земјоделците, загубата на езерата, загубените заштеди во пропаднатата банка, загубените над 50 000 работни места, за загубените 2 милијарди евра, пари со кои не задолжи сите, а од кои народот не виде ниту еден проект.

Оставка на Заев, слобода на народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Полска ја зајакнува границата кон Русија и Белорусија

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека почна осовременувањето и утврдувањето на источна граница со Белорусија и Русија, за што се наменети 2,3 милијарди евра.

- Тој план за одбрана и одвраќање го нарековме „Штит на Истокот“ … кој ќе нè брани од потенцијалните напади од исток, но пред сè ќе има за цел да го одврати непријателот. Системот на утврдувања, зајакнување, модернизирањето на 400 километри од границата со Русија и Белорусија ќе биде фактор на одвраќање, стратегија да се избрка војната од нашата граница, истакна Туск.

Тој најави дека следната недела ќе објави нови мерки за спречување провокации, саботажи и диверзии во рамките на хибридните напади од Русија и од Белорусија.

Зборуваме за потребата да се изгради силна држава, отпорна на саботажи и саботажи. Полска ќе биде отпорна држава и безмилосна до болка кон секој што ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја, наведе Туск. Претходната влада на конзервативната партија Право и правда на границата подигна ограда висока повеќе од пет метри за да ги запре мигрантите.

Полска без оглед кој е на власт тоа го третира како руски и белоруски хибриден напад и обид за префрлање на десетици илјади бегалци во Полска со цел да се дестабилизира земјата но и другите членки на Европска Унија./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

притисни ентер