ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски подобро да не отвора уста за криминал - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски подобро да не отвора уста за криминал

Ковачевски подобро да не отвора уста за криминал бидејќи пола владини функционери му се на црната листа на САД, а амбасадорите му порачуваат дека во државата има епидемија од корупција.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски подобро да не отвора уста за криминал

Димитар Ковачевски е тотално одлепен од реалноста.

Нека го информира некој од СДС Ковачевски дека Македонија се уште нема започнато преговори со Европската унија, а за тоа е виновен токму тој и владата на СДС и ДУИ кои изминатите 7 години водат попустлива и понижувачка меѓународната политика.

Македонија е единствена земја во светот која билатералниот спор со Бугарија стана услов за започнување на преговорите со ЕУ.

Македонија е единствената земја во светот која е условена да го промени уставот без да започне преговори со ЕУ, а сето тоа го направија токму Ковачевски, Османи и Маричиќ кои наместо да ги бранат националните и државни интереси, тие ги распродаваат.

Во однос на криминалот и корупцијата во државата, подобро е Ковачевски да не ја отвора устата, бидејќи пола од владините функционери му се наоѓаат на црната листа на САД, а американската амбасадорка Агилер вели дека во Македонија има епидемија од корупција, додека холандскиот амбасадор Коп вели дека земјата нема никаков напредок во борбата со корупцијата.

За тоа колку платите се “високи“ со што се фали Ковачевски најдобро говорат податоците кои покажуваат дека над 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата. Нема реално зголемување на платите на граѓаните, бидејќи инфлацијата им ја јаде куповната моќ.

Димитар Ковачевски никако не може да се помири со фактот дека тој не е премиер, па затоа го советуваме да посвети повеќе време за да прочита што се случува во Македонија, бидејќи очигледно е дека живее во некој паралелен свет.

Со СДС и ДУИ во Македонија никогаш не било полошо.

Важно е да ги поразиме, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна преполна трибина во Норвешка- еден гледач заврши во болница, натпреварот е прекинат

Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. 

Се урна преполна трибина во Норвешка- еден гледач заврши во болница, натпреварот е прекинат

Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс.

Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот.

Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот.

Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2).

До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел

Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.

Заврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел

Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз.

„Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој.

„Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада?

„Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“

За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври.

Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора затвори 23 од 33 поглавја, договорот за пристап во ЕУ се очекува во јуни

Со затворањето на поглавјата 1 – Слобода на движење на стоки и 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Црна Гора стигна до 23 привремено затворени од вкупно 33 поглавја од преговорите.

Црна Гора затвори 23 од 33 поглавја, договорот за пристап во ЕУ се очекува во јуни

Со затворањето на поглавјата 1 – Слобода на движење на стоки и 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Црна Гора стигна до 23 привремено затворени од вкупно 33 поглавја од преговорите, така што остануваат уште десет до крајот на преговорите.

Владата и европските институции најавија дека целта е сите преостанати поглавја да бидат затворени до крајот на годината, додека премиерот Милојко Спајиќ очекува во јуни следната година да го потпише Договорот за пристапување кон Европската Унија.

Две нови поглавја беа затворени на 30. Меѓувладина конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија во Брисел, каде што црногорската делегација ја предводеше Спајиќ.

Тој по средбата рече дека затворањето на поглавјата 1 и 12 претставува продолжување на резултатите на европскиот пат.

„Додека годината се ближи кон крајот, ние даваме резултати. Секоја реформа бара голема посветеност, резултатите се тука. Нашиот фокус останува непроменет – владеење на правото, силни институции, подобар животен стандард“, рече Спајиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер