ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести работи под диктат на Заев

 Денеска бројката на новозаразени е над 80 – тина. Македонија влегува во нови пик.

Во услови кога сите земји во регионот немаат заболени и по две недели, Македонија поради лошиот менаџмент на владата на СДСМ е остров на зараза во сред регион без корона.

Организирање на избори во ваков пик на коронавирус претставува масовно самоубиство.

Деновиве стана јасно, дека постои силно политичко влијание и притисок врз Комисијата за заразни болести. Тие работат под политички диктат на Зоран Заев и Венко Филипче.

Наместо заштита на здравјето на граѓаните, Комисијата се труди да му удоволи и да ја спаси политичката кариера на еден политичар во заминување.

И додека во земјите од регионот и во светот се прават јасно детерминирани и дефинирани планови за разлабавување на мерките, претседателот на Комисијата и членовите од кои 6 директори назначени од Филипче, и еден на листа за пратеници, сакаа да му удоволат на Зоран Заев. И тоа со убедување дека ќе изготват јасни протоколи кои ќе ја обезбедат и заштитат популацијата. За жал, само во последните три дена имаме 125 ново заразени и плус денешните 80-тина и 12 починати од кои 5 во текот на вчерашниот ден. Професионално размислување на лекар, никогаш не би потврдило и препорачало дека во вакви услови, можни се безбедни избори.

Македонија се претвори во земја која го има својот втор пик на корона вирус уште сега. Кампањата и делењето на пакети по штабовите на СДСМ си го сторија своето.

Статистиката говори дека Македонија, е на второ место во Југоисточна Европа по број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија. Имаме повеќе починати на 1 милион жители од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Земјите од опкружувањето како Црна Гора, Словенија и Хрватска, во последните неколку недели немаат ниту еден ново регистриран случај.

Подемот на кривата на заразени во Македонија е предизвикана од лошиот менаџмент на властите, ќе не доведе во ситуација да бидеме изолиран остров на кризно жариште во цела Европа, со потенцијална опасност голем број на држави да забранат влез за нашите граѓани и за нашите бизниси.

Власта не уверуваше дека има јасна визија за борба против корона вирусот. Откако поминаа повеќе од два месеци гледаме дека всушност не знаат каде тераат и покрај најрестриктивните мерки кои беа применети, ние сме држава во која што бројот на заболени не се намалува, туку оди кон втор пик.

Три месеци ги држеа граѓаните, градинките, училиштата, фабриките и буквално целата држава затворени во страв дека ќе се случи катастрофа, а таа се случува сега и покрај сите мерки.

Во земјава постојат 3 Медицински факултети, со професори и катедри по епидемиологија и инфективни болести, ниту еден од овие професори не е вклучен во Комисијата за заразни болести. Потребно е да се обезбеди да нема никакво политичко влијание врз одлуките и препораките коишто ги носи Комисијата за заразни болести. Потребно е да се разреши и да се формира нова, која ќе биде професионална, составена од експерти и заштитена од секакво влијание на политиката.

Здравствените работници се револтирани и губат доверба во менаџментот на кризата. Потребни се итни и ефикасни решенија. Катастрофата која ни се случи е резултат на не професионализмот и влијанието на СДСМ врз одлуките во здравството.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.

Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер