ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев? - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев?

Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев.

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев?

Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев.

Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и Филипче преку притисоци, уцена, закани, злоупотреба на институциите и влијание врз судски постапки да остварат лични цели и огромен профит.

За таа цел Филипче и Заев имале добро подготвен план за што говори фактот со зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Планот за преземање на приватна болница не им поминал, што буквално би значело приватизирање на народни пари.

Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот?

Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови?

ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена за заштита на јавниот интерес и борба против криминалот и корупцијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повисока казна за паркирање, отколку за фрлање ѓубре во река: Парадокс во казнената политика

Госпоѓата која од Порше фрли ѓубре од мост во реката Лепенец, а потоа насмеано и мафна и на камерата, доби повисока казна за непрописното паркирање, отколку за загадување на животната средина.

Повисока казна за паркирање, отколку за фрлање ѓубре во река: Парадокс во казнената политика

Ако во Европа би ве чинело стотици евра, фрлањето на отпад од овој мост во реката ќе ве чини 40 или ако платите во рок од една недела, само 20 евра.

Па, ваквиот случај отвори низа дилеми и прашања во јавноста – дали казнената политика е соодветна или само ги охрабрува ваквите постапки. Според еко-активистите, законот за јавна чистота треба да се промени итно, оти без драконски казни, ќе продолжиме да се давиме во отпад, но сметаат и дека повторно треба да стане популарна општокорисната работа – па кој се однесува несовесно, да си добие метла и да чисти низ градот еден месец. Воедно, сметаат дека добар дел од проблемот почива и врз воспоставениот систем кој мора да се подобри.

-Единствен начин да се казни одлагањето на отпад од физичките лица е преку законот за јавна чистота, мора да се работи на зголемување на тие казни, во моментов можеби ќе делуваат драконски, но кога се соочувате со толку големо количество на отпад, мора да се започне од тоа. И во однос на реакцијата на институциите имаме мало заостанување, законот како закон постои, но постапувањето по истиот е многу ретко. Недоволно за тоа со кое ние се соочуваме. Дали е потребно многу поголемо на терен на комунални инспектори, МВР, комунални редари, тоа е работа која институциите треба да ја решат, но очигледно тоа ни недостасува најмногу од се,- - Татјана Стојановска – Еко-активист – „Независни за Карпош“.

Од Град Скопје се на иста линија со еко – активистите, казните се ниски и се работи на нивна корекција. Воедно, уверуваат дека се работи и на воспоставување подобар систем, во кој е предвидена и долгонајавуваната комуналната полиција, предлог-закон кој е доставен до Владата. Што се однесува до жената која фрли ѓубре во Лепенец добила казна и од нив.

-Како Град Скопје сметаме дека постојната казнена политика за одредени прекршоци не е доволно, а за дел од прекршоците предвидените глоби се ниски. За таа цел Градот Скопје има изработено анализа и конкретни предлози за измени на законската регулатива, со цел санкциите да бидат поефикасни и соодветни на прекршоците. Во насока на воспоставување поефикасен систем на комунален ред, до владата е доставен предлог – законот за комуналната полиција,- - Град Скопје.

Во моментов, градскиот инспекторат располага со 13 комунални инспектари и 10 комунални редари, кои како што велат, на терен се во три смени, а согласно потребите, најавуваат и зголемување на тимот. Воедно, испланирано е и поставување на камери со кои меѓудругото ќе спречува одлагање на отпад каде што не му е место.

Во меѓувреме, состојбата околу мостот на Лепенец во Карпош, од ден во ден е во се полоша состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании

3.200 фирми или само 4,7% од претпријатијата во земјава се под странска контрола, но во нив работи речиси секој четврти вработен, а создаваат дури 37% од вкупната бруто додадена вредност – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании

Посовремената технологија, автоматизацијата и поголемата продуктивност се само дел од причините кои според претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров им даваат поголема економска тежина на странските компании. Дополнителна вредност според Димитров компаниите добиле и со поволностите кои добиле при влезот на пазарот во земјава, меѓу кои и десетгодишното ослободување од данок на добивка. Со ова смета дека се оставило простор за повисоки плати и подобри услови за работа, што привлекува поквалитетна и продуктивна работна сила.

-Тоа не се мали привилегии, бидејќи на една плата од 30.000 денари, вие треба да платите даноци и придонеси од 15.000 денари. Тоа ви дава доволно можност да платата ја зголеми за 5 или 10.000 повеќе отколку би работеле во нормална македонска компанија. Но и во периодот кога завршија тие 10 години, тие компании веќе се дотолку финансиски стабилни и имаат доволно можности да исплаќаат повисоки плати. Од друга страна имаат разни сектори за човечки ресурси каде што работат на мотивација на работниците, на условите за работа и така натаму,- Ангел Димитров – организација на работодавачи.

Сепак, Димитров вели дека статистиката не ја толкува како доказ дека домашните компании се помалку продуктивни. Објаснува дека разликата е структурата во домашната економија, составена од голем број на микро и мали претпријатија, што значи помал број на вработени и помал економски капацитет.

- Нашиве поголеми компании кои се во слични дејности не заостануваат за продуктивноста од странски компании во ТИРЗ зоните, но за жал ние имаме многу мали микрокомпании кои се на број многу, а учествуваат со многу мал процент во бројот на вработените и во многу мал процент да речеме во бруто домашниот производ, бидејќи најголем процент од тие компании се трговски компании кои увезуваат некоја роба или се работи за мали услужни компании, така да не можат да се споредат ниту можностите ниту резултатите што ги прават тие наши микро и мали компании,- Ангел Димитров – организација на работодавачи.

Според податоците на ДЗС најголемиот дел од бруто-додадената вредност странските компании ја создаваат во преработувачката индустрија, односно 35,3%, потоа во секторот комуникации со 16.7% и тргоцијата со 11,5%. Најголем број од фирмите се од Турција, околу 18 проценти, но најголема додадена вредност создават фирмите од Австрија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ испрати опомена пред тужба до СДСМ

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ги сподели официјалниот демант и опомената пред тужба која е доставена во архивата на СДСМ.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ испрати опомена пред тужба до СДСМ

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, а во врска со вчерашниот обид на Венко Филипче (“Само интервју” на Канал 5 телевизија) преку јавен политички линч насочен кон Никола Ќуркчиев лажно да ја дискредитира платформата “Разговори за иднината во 12:05”, ги споделуваме официјалниот демант и опомената пред тужба која е доставена во архивата на СДСМ.“- стои во објавата на платформата „Разговори за иднината во 12:05“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер