ВМРО-ДПМНЕ: Кој е Рубин Земон од СДС што вели дека Гоце Делчев е небитна тема - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е Рубин Земон од СДС што вели дека Гоце Делчев е небитна тема

Кој е Рубин Земон од СДС што вели дека Гоце Делчев е небитна тема, а расправата за македонскиот идентитет непотребна?

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е Рубин Земон од СДС што вели дека Гоце Делчев е небитна тема

СДС и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат.

Уште еден од “новите’’ лица и новата енергија на Филипче, Рубин Земон.

Рубин Земон е поранешен пратеник од редовите на СДС, а денес член на Извршниот одбор на СДС, највисокиот орган во партијата.

Или, деновиве познат во јавноста, како член на ИО на СДС кој изјави дека Гоце Делчев е небитна тема кога се зборува за историјата на државата.

Член на Извршен одбор на СДС, Рубин Земон, лично поставен од Филипче јавно изјави дека расправата за македонскиот идентитет е непотребна, дека бугарскиот идентитет во Македонија треба да се либерализира, а за Гоце Делчев, без срам вели дека е мит, дека не напишал ништо, дека не извојувал ниедна битка.

Пред цела македонска јавност секој ден испорачуваат нови докази дека не им е гајле за Македонија, ни за македонскиот идентитет, ни за македонскиот народ. И воопшто не се срамат од тоа.

Член на Извршен одбор на СДС отворено ја релативизираше улогата на Гоце Делчев и се обиде да ја сведи на небитна тема. Од СДС нема реакција.

И не може да има реакција, кога лидерот на СДС изјавува дека е подготвен да ги спроведе уставните измени, без никаква гаранција дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија на европскиот пат на Македонија.

Ова за Филипче е безусловна подготвеност, како да станува збор за некоја административна формалност, а не за идентитетот и иднината на Македонија и на македонскиот народ.

Значи, Рубин Земон би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Венко Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии.

Како може Филипче да зборува за национални интереси, а од друга страна да им дава легитимитет и високи партиски позиции на луѓе кои го негираат постоењето на македонскиот народ?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Услови за невреме: Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со грмежи, засилен ветер

Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нестабилност на времето денес.

Услови за невреме: Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со грмежи, засилен ветер

Според УХМР денеака времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.

Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 22. јули 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 22. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 22. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно.

Кариера

Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами.

Здравје и совет

Наспијте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста.

Кариера

Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии.

Здравје и совет

Не сте задоволни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини.

Кариера

Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици.

Здравје и совет

Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови.

Кариера

Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје и совет

Послужете се со својата интуиција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата.

Кариера

Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки.

Здравје и совет

Ќе бидете весели и емотивни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат.

Кариера

Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат.

Здравје и совет

Ќе се веселите со блиски луѓе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска.

Кариера

Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена.

Здравје и совет

Потпрете се на вашата смисла за хумор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло.

Кариера

Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре.

Здравје и совет

Полни сте со енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство.

Кариера

Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите.

Здравје и совет

Свртете се кон себеси.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата.

Кариера

Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок.

Здравје и совет

Користете ги паузите на работа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика.

Кариера

Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа.

Здравје и совет

Би било корисно добро да се наспиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа.

Кариера

На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне.

Здравје и совет

Занимавајте се со спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли навистина на кожата да се направи детоксикација?

Може ли да се направи детоксикација на кожата?

Може ли навистина на кожата да се направи детоксикација?

Многумина ќе признаат дека се чувствувале подобро после диета со смути за чистење, но неговите придобивки всушност немаат никаква врска со детоксикација, туку со внесувањето хранливи состојки, доволно количина вода, добриот сон и редовното вежбање.

Може ли да се направи детоксикација на кожата?

Накратко, не, бидејќи токсините не можат да го напуштат телото преку кожата. Иако потењето ја отстранува водата, не ги отстранува нечистотиите или штетните супстанции. Сепак, телото ги елиминира токсините преку бубрезите, црниот дроб и имунолошкиот систем.

Кожата е најголемиот орган во телото и некои работи можат сериозно да ја оштетат.

Хемикалии: Изложувањето на одредени хемикалии може да предизвика воспаление. Ова може негативно да влијае на кожата, привремено или трајно.

УВ зраци: Прекумерното изложување на сонце и сончевата светлина се една од најголемите причини за стареење на кожата. Тие исто така можат да ги нагласат лузните, старечките дамки и фините линии.

Шеќер: Преработената храна може да предизвика воспаленија во телото, што може да го зголеми ризикот од кожни реакции и чувствителност.

Како телото ги елиминира токсините?

Избегнувањето на токсични и штетни супстанции може помогне да ја одржите вашата кожа чиста и здрава.

Бубрезите помагаат во отстранувањето на отпадот од телото. Тие ја отстрануваат киселината што ја произведуваат клетките, одржувајќи ја на тој начин соодветната рамнотежа на минерали, соли и течности во телото, како што се натриум, калциум, фосфор и калиум.

Црниот дроб, исто така, помага во процесот на детоксикација. Ги отстранува штетните супстанции и ги обработува хранливите материи, така што вашето тело може да ги користи, складира и користи кога е потребно.

Имунолошкиот систем ги препознава патогените ( бактерии, паразити, вируси ) кога ќе влезат во телото и одлучува како да се справи со нив.

Совети за нега на кожата

Иако детоксикацијата на кожата нема да ги отстрани штетните супстанции од телото, неколку совети за нега на кожата можат да ви помогнат во одржувањето поздрава кожа.

Дневно чистење на кожата

Помага во отстранувањето на вишокот маснотии и нечистотии што можат да ги затнат порите. Миењето, исто така, помага да се отстранат бактериите од површината на кожата.

Пилингот е процес на отстранување на мртвите клетки на кожата од површината на лицето или телото. Ова се случува природно на секои 28 дена, а фактори како што се стареењето и маснотијата можат да го забават процесот. Натрупувањето на мртви клетки на кожата може да ја намали ефикасноста на производите за нега на кожата што ги користите, да доведе до појава на акни, па дури и да го „угаси“ здравиот тен.

Хидратација

Нанесувањето хидратантен крем помага во намалувањето на сувоста и може да ја намали појавата на фините линии и брчки. Состојките сквален и хијалуронска киселина се одлични за хидрирање на вашата кожа. Пиењето два литри вода дневно помага во подобрување на хидратацијата на вашата кожа.

Вежбање

Вежбањето е добро за мускулите и коските, а може да го подобри и здравјето на вашата кожа. Студија од 2015 година ја спореди функцијата на кожата кај постари лица кои имале седечки начин на живот и оние кои биле активни, и откри дека вежбањето ги намалува ефектите од стареењето врз вашата кожа.

Храна што предизвикува воспаление на кожата

Познато е дека исхраната може да игра улога во развојот на кожни состојби како што се акните, но веројатно ќе треба да направите некои обиди и грешки за да ги откриете вашите лични предизвикувачи. Универзалната храна и пијалаци на кои треба да внимавате се оние со висока содржина на шеќер или рафинирани јаглехидрати и млечни производи. Алкохолот исто така може да има негативен ефект врз вашата кожа.

Владејте со себе

Стресот влијае на многу системи во телото и може да ги влоши постоечките состојби на кожата како псоријаза, егзема и акни. Обидете се со техники за управување со стрес како длабоко дишење и јога.

SPF

Според Американската академија за дерматологија, користењето крема за сончање со заштитен фактор е најважното нешто што можете да го направите за вашата кожа. Сончевите зраци можат да бидат штетни во текот на целата година, па затоа нанесувањето крема за сончање е најдобрата форма на заштита од рак на кожата и знаци на оштетување од сонце. Нанесете SPF од најмалку 30 секој ден, без оглед на времето.

Не заборавајте ги антиоксидансите и ретиноидите

Дерматологот Карен Кембел ги нарекува кремата за сончање, антиоксидансите и ретиноидите „свето тројство“. Антиоксидансите помагаат кремата за сончање да делува подобро и да штити од слободните радикали кои го разградуваат колагенот и еластинот, придонесувајќи стареење. Ретиноидите ја одржуваат кожата цврста и се едни од ретките работи што можеме да ги нанесеме локално за да го стимулираме колагенот, вели Кембел.

Оставете ги цигарите

Според Американскиот колеџ за остеопатска медицина и дерматологија, пушењето предизвикува подлабоки брчки на лицето, нерамномерна пигментација на кожата и сува кожа.

Доволно спиење

Мала студија во која учествувале 24 жени го испитувала влијанието на ограничувањето на спиењето врз кожата на лицето. Една студија покажала дека само две последователни ноќи со ограничен сон ја менуваат кожата, намалувајќи го нејзиниот сјај и хидратација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер