Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Каква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИАКаква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА, градоначалниците на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ.Каква хипокризија на Венко Филипче и СДС. Додека обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев е фатен соработник на БИА, а од друга страна градоначалници на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ. Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДС, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение. Во истиот предмет за соработници на БИА, се појавува и името на Петрушевски, советникот на менторот на Венко Филипче, Зоран Заев. Од друга страна пак, градоначалниците на СДС, како тој во Крива Паланка кој деновиве прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија. А, оттука и од случајот со Петрушевски се гледа кој е извршител и соработник на српските служби. Токму хипокризијата да биде поголема, Љупчо Николовски Путерот и градоначалникот на Крива Паланка ќе се забавуваат на плоштад со концерт на Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ. А, Ацо Пејовиќ, исто така, ќе пее на плоштадот во Македонка Каменица. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија немаме ништо против, но вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter