ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам: Следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам: Следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам: Следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава.

Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС.

Следно е да излезе со драматична конференција за нумизматика, колекционерство на салфетки или анализа на ретки поштенски марки.

Човекот со половина прес зборува за пасоши, со друга половина за НАТО, па скока на Преспански, па завршува со уставни измени, како политички подкаст пуштен на shuffle.

И сето тоа со патетичен тон на човек што мисли дека открил државен заговор, а всушност само признава дека СДС веќе нема ниту тема, ниту правец, ниту политичка тежина.

Најтрагично е што токму тие што ја распродаваа државата денес држат лекции за патриотизам, идентитет и Европа. Истите тие што ветуваа „живот“, а оставија пустош, криминал, понижувања и национални отстапки, сега се обидуваат да глумат морални авторитети.

СДС денес не е опозиција. СДС е политички стенд-ап без публика.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер